Ивона Јо се појави на свадба и го украде шоуто – изгледа преполовено, многумина нема да ја препознаат
Моќно издание на нашата пејачка која ослабна преку 60 килограми
Пејачката не престанува да изненадува со својот изглед
Младата македонска пејачка Ивона Јовановиќ која пред неколку сезони се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ направи неверојатна трансформација.
Имено, таа по операцијата на желудникот во Турција ослабна неверојатно многу и сега изгледа речиси непрепознатливо.
Ивона Јо со својата физичка трансформација привлече внимание и позитивно ги изненади сите, а како што самата истакна во повеќе наврати, битката што ја водеше со вишокот килограми резултираше со минус 60 кг, што е за секоја почит, нели?
Фото: Инстаграм/ Ивона Јо
Пејачката сега објавува фотографии на Инстаграм и гордо позира во најразлични изданија воодушевувајќи ги сите.
Таа изгледаше прекрасно и на нејзиниот последен спот за песната„ Буквално“ кога заради нејзиниот неверојатен талент за музика и моќен глас многумина ја споредија со Марија Шерифовиќ.
Фото: Инстаграм/ Ивона Јо
Но денес во фокусот ни е едно нејзино свадбено издание, во кое Ивона буквално блескаше и никого не остави рамнодушен.
Фото: Инстаграм/ Ивона Јо
Имено, таа за оваа пригода избра необичен фустан во кој изгледаше беспрекорно, а целото издание го зачини со преубава шминка.
Фото: Инстаграм/ Ивона Јо
Нејзината коса беше врзана во коњско опавче, а големите обетки совршено се вклопија во оваа нејзина беспрекорна модна приказна.
Повеќе фотографии од ова неверојатна дама погледнете во продолжение: