Реклама
Наши ѕвезди

Иван Босиљчиќ ја изненади својата сопруга Јелена Томашевиќ со најромантичната роденденска порака што ја добила досега

Реклама

Пејачката Јелена Томашевиќ вчера го прослави својот 37 роденден, а нејзиниот сопруг, Иван Босиљчиќ, ја изненади со романтична порака.

Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ

Нејзиниот сопруг, актерот Иван Босиљчиќ, по овој повод, покрај нивната заедничка фотографија, напиша неколку нежни зборови со кои ги воодушеви сите.

Во прашање е цитат со кој шармантниот актер ги воодушеви нивните заеднички фанови на социјалните мрежи.

Маркетинг

„Среќен ти роденден, среќо. И знај дека веќе со години ги учам твоите црти, во кои деновите оставаат траги како мали огнови, а годините ги помнам по нивната блескава неповторливост, преку саѓите од леснотијата на твоите движења“. Во мое има за тебе уште одамна напиша Иван В. Лалиќ“ напиша Босиљчиќ.

Под цитатот што го објави со нивна заедничка фотографија можеме да прочитаме и голем број роденденските честитки што и ги напишаа фановите.

Инаку, Јелена својот роденден го прослави во кругот на семејството и со најблиските пријатели во новиот дом во кој премина со семејството.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Иван Босиљчиќ

Таа од центарот на градот неодамна се пресели во еден помирен дел на Белград, а на својот профил на Инстаграм со романтична фотографија, на која го пие утринското кафе, на сите им се заблагодари за убавите желби.

Моето прво утринско роденденско кафенце. Ви благодарам на сите за прекрасните желби, напиша популарната пејачка покрај фотографија од која можеме да видиме како изгледа нејзиниот двор.

Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ

Под фотографијата се редеа честитки од фановите и пријателите, на кои им се придружува и нашата редакција.

Фото: Инстаграм/ Иван Босиљчиќ
Фото: Инстаграм/ Иван Босиљчиќ
Фото: Инстаграм/ Иван Босиљчиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button