Реклама
Наши ѕвезди

Иванка Трамп во издание во какво никој досега ја нема видено – „шoкaнтни“ фотографии, таа се срами од нив, а еве и зошто

Реклама

Иванка Трамп е прекрасна дама.

Таа е успешна и паметна млада жена и откако нејзиниот татко стана претседател, таа му е десна рака.

Маркетинг

Но и покрај големиот труд во јавноста секогаш да остави впечаток на сериозна и отмена дама, постојат некои работи од минатото кои можат да ја расипат сликата за неа како „златна девојка“, или барем така мисли Иванка кои од петни жили се обидува да ги сокрие од јавноста.

Имено, во јавноста неодамна испловија неколку, досега непознати, фотографии од семејниот албум на Трампови, а некои од нив многумина ги критикуваа како непримерни и недолични за еден татко и неговата ќерка.

Маркетинг

На нив можеме да видиме како Иванка и Трамп се гушкаат, а некои од овие пози за гласачите на Бајден очигледно се премногу романтични и неприфатливи, па во јавноста отворено ги критикуваат за ваквиот однос во семејството.

Пријателите на семејството сведочат дека тие двајцата секогаш имале одличен и близок однос. Тие и денес секојдневно разговараат по неколку часа, а наследничката на претседателот наводно ниту една своја одлука, ни приватна ни деловна, не ја носи без консултација со него.

Од друга страна и „пикантните“, провокативни фотографии од времето кога беше модел не и одат во прилог на Иванка на тоа што сака да остави впечаток во јавноста на страсна, но елегантна и скромна жена.

Таа наводно е и алергична на споменувањето на пластичните операции што ги има направено, а кои секогаш ги негирала.

Но и покрај нејзините бројни деманти поврзани со оваа тема, американските медиуми, и тоа најчесто оние кои не се наклонети кон политиките на нејзиниот татко, пишуваат дека Иванка има многу што променето на лицето, па дефинитивно не може да ја сметаат за „природна убавица“.

Од друга страна, истите овие медиуми за ќерката на Бајден пишуваат само во суперлатив.

Која е Ешли?

Ќерката на Џил и Џо Бајден има 39 години и јавноста во Америка но и ширум светот ја запозна додека нејзиниот татко беше потпретседател на САД, во администрацијата на Барак Обама. Ешли која е социјален работни, филантроп, активистка и моден дизајнер, во 2017 изјави дека во раната младост станата страсна кој државните активности.

„Мојот татко е јавен службеник до крајот на животот, мојата мајка е професорка во државно училиште, тоа е во мојата ДНА“, вели таа.

Фото: Инстаграм/ Ешли Бајден

Ешли има дипломирано на Универзитетот Тулане, а мастер студии од областа социјални студии завршува на универзитетот во Пенсилванија.

Како социјален работник во Одделението за помош на деца, млади и нивните семејства работеше 15 години. Таму го креираше програмот за малолетници и поддршка за менталното здравје, пишува Њујорк тајмс.

Фото: Инстаграм/ Ешли Бајден

Ешли и модата

Ешли во 2017 го лансираше својот моден бренд Livelihood со кој се бори против расните нееднаквости и нееднаквост во примањата, што по нејзино мислење, е тесно поврзано. Преку овој бренд го подржа и движењето „Животите на црнците се важни“ што ги предводеше протестите во САД.

Бјути ритуалите на Иванка 

Иванка Трамп беше во центарот на вниманието и пред да стане прва ќерка на Америка, но откако нејзиниот татко стана претседател, медиумите за неа не престануваат да пишуваат. Таа најчесто привлекува вниманието со нејзиниот изглед и модните комбинации, како и фактот дека досега многу добро и одеше во подигањето на своето модно царство.

Сепак, откако нејзиниот татко стана претседател многумина почнаа да го бојкотираат нејзиниот бренд, а некои модни продавници и ги исфрлија нејзините производи од своите полици. Но ова наместо да резултира со пад на продажбата, официјалните лица кои денес го водат нејзиниот бренд соопштуваат позитивни резултати, а тоа е најдобар доказ дека жените ги сакаат нејзините колекции.

Таа беше во центарот на вниманието и заради фактот што се повеќе жени сакаат да изгледаат како неа и со такви барања доаѓаат кај пластичните хирурзи.

„Иванка стана нова икона во пластичната хирургија. Веќе оперирав неколку жени кои сакаа да изгледаат како неа, а една од нив потроши дури 30.000 долари, т.е. беше цели шест часа под нож како во лицето би личела што повеќе на неа“, откри пред неколку години Франклин Роуз естетски хирург од Хјустон за порталот „Redbook Mag“.

Фото: Инстаграм/ Иванка Трамп

Нејзините трикови за убавина, секоја жена може да ги примени

Кога ќе го слушнете името Иванка Трамп најверојатно прва асоцијација ви се гламур, дијаманти, високи потпетици и скапоцени фустани што најверојатно и не е многу далеку од вистината. Но ќерката на Доналд Трамп има многу поедноставен стил, и тоа не само кога е облеката во прашање, туку и на начинот на кој се негува и ја подржува нејзината линија.

Фото: Инстаграм/ Иванка Трамп

Таа не е само успешна деловна жена, туку и мајка на три деца

Иванка по секоја од трите бремености без проблем ја врати својата првобитна линија. Покрај редовните тренинзи, таа внимава и што јаде. За ручек и вечера обично избира протеини, како што се пилешко или риба. Нејзиниот режим на исхрана е многу едноставен – се обидува оброците да и бидат што поздрави, со помалку калории, а повторно хранливи како што е на пример супа од зеленчук. Чорбичка од грашок или брокули и се омилени. Најчесто купува органски производи, а кога станува збор за нејзините трикови за убавина во главно секоја жена може да ги примени. Нејзините омилени три препарати за разубавување се тониран балсам за усни, руменило за истакнување на јаболкниците и пудра со заштитен фактор. Како многу зафатена деловна жена, се обидува да биде што попрактична и поедноставна кога е облеката во прашање.

Фото: Инстаграм/ Иванка Трамп

„Она што ќе го облечам наутро, со тоа се играм и со децата на подот, ги возам во училиште и ги носам нивните торби со книги, а потоа одам на моите деловни состаноци. Гардеробата треба да работи за нас, бидејќи многу често се случува да немаме време да се пресоблекуваме“, изјави Иванка во едно нејзино интервју за познатиот моден портал „InStyle“.

Фото: Инстаграм/ Иванка Трамп

Без накит не оди никаде бидејќи смета дека токму модните детали можат да ја зачинат секоја едноставна модна комбинација. „Деталите се клучни. Добра чанта и убаво парче накит ненаметливите модни комбинации ги подигаат на повисоко ниво, изјави Иванка за магазинот „Harpers Bazaar“. Она што можеби е најинтересно е тоа што Иванка не користи лак за нокти. Како што откри за порталот „InStyle“ таа не става лак за нокти бидејќи е презафатена и нема време да го менува, а брзо се брише. „Не трае ни три дена“, вели таа.

Фото: Инстаграм/ Иванка Трамп
Фото: Инстаграм/ Иванка Трамп
Фото: Инстаграм/ Иванка Трамп
Фото: Инстаграм/ Иванка Трамп
Фото: Инстаграм/ Иванка Трамп
Фото: Инстаграм/ Иванка Трамп
Фото: Инстаграм/ Иванка Трамп
Фото: Инстаграм/ Иванка Трамп
Фото: Инстаграм/ Иванка Трамп
Фото: Инстаграм/ Иванка Трамп
Фото: Инстаграм/ Иванка Трамп
Фото: Инстаграм/ Иванка Трамп
Фото: Инстаграм/ Иванка Трамп
Фото: Инстаграм/ Иванка Трамп
Фото: Инстаграм/ Иванка Трамп
Фото: Инстаграм/ Иванка Трамп
Фото: Инстаграм/ Иванка Трамп
Фото: Инстаграм/ Иванка Трамп
Фото: Инстаграм/ Иванка Трамп
Фото: Инстаграм/ Иванка Трамп
Фото: Инстаграм/ Иванка Трамп
Фото: Инстаграм/ Иванка Трамп

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button