Реклама
Наши ѕвезди

Иако е голема ѕвезда сепак и Лепа Брена има скромни почетоци – пред да го фати микрофонот го работела ова

Реклама

Кариерата на Лепа Брена важи за една од најблескавите ѕвезди на музичкото небо. Сепак Фахрета Јакиќ не била отсекогаш пејачка, која е омилена во целиот регион. Во Белград пристигнала 1979 година и запишала студии по туризам на Природно – математичкиот факултет. Сепак, веќе по самото доаѓање на студии, младата девојка ја заследија неволји.

 

Маркетинг

Брена дошла на студии како дете од петчлено семејство кој се издржувало само од една плата, од таткото. Џепралакот кој го добивала не бил доволен за да преживее во големиот град па морала да побара работа, за, бараем малку да и се олесни студентскиот живот. Се пријавила на оглас за работа, кај младата брачна двојка Штајдохар, кои во таа прилика барале дадилка.

https://www.instagram.com/p/CBl08GxFJRb/

Маркетинг

Тогаш, Брена неколку месеци го чувала новороденото бебе Ана. Тогаш живеела во мал стан на Ташмајдан, кој го плаќало семејството Штајдохар, а малечката Ана ја чувала само неколку месеци. Иако Брена за тој период не зборува јавно, Ана Штајдохар откри какви биле почетоците на кариерата на Лепа Брена.

https://www.instagram.com/p/CCouce0Fkd2/

– На тој период всушност јас не се сеќавам, зошто бев бебе. Она што знам, е она што го имам слушнато од родителите. Тогаш Лепа Брена беше само Фахрета Јахиќ, живеела во станче кое го рентале моите родители, долу под Ташмајдан, кај Палилускиот пазар. Патем работела и како бебиситерка и ме чувала кога немало кој. Набрзо ја почнала својата музичка кариера по нагорен пат, а од тој период остана само оваа симпатична анегдота. Исто така може да се каже дека Брена на некој начин ми го предодредила занимавањето со музика, откри Ана во една прилика.

https://www.instagram.com/p/CC0bGwQpfJY/?utm_source=ig_embed

Брена набрзо се вратила во родното Брчко, настапувала со својот бенд, а неверојатно е и тоа што таа на почетокот од својата музичка кариера се занимавала со рок музика. Кога станала дел до „Лира шоу“ бендот, нејзината кариера почнала нагло да расте, и денеска е една од најголемите музички ѕвезди на Балканот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button