Шопинг

Зошто сите гледаат во нозете на Лила Филиповска?!? Водителката се појави и со ова го украде шоуто

И светските ѕвезди го обожаваат овој модел, само што истиот воопшто не е евтин...

Advertisement

Со овие свои изданија ги воодушеви сите

Нашата позната водителка Лила Филиповска ги остава сите без здив со своите интересни модни комбинации.

Advertisement

Нејзиниот стил може да им биде инспирација на многу дами, а доказ за тоа се и комплиментите што секогаш ги добива.

Впрочем така беше и со нејзините последни изданија на Инстаграм кога се прошета во неколку стајлинзи кои сите ги воодушевија.

Advertisement
Инстаграм/ Лила Филиповска

Но овие фотографии што ќе ги видите во продолжение не се само одраз на жена која едноставно знае како да привлече внимание со својот стил, туку и фотографии што откриваат една нејзина страст.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Имено, Лила во изминативе неколку месеци како да не може да се одвои од своите омилени папучи.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Станува збор за модел кој веќе со години им е пасија на многу познати дами и кои се хит и на светската сцена.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Папучите се дело на модната куќа „Хермес“ и се поприлично солени, а нашата Лила очигледно има неколку модели од нив.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Во овие папучи веќе имавме прилика да ја видиме и во текот на летото, но и пред една недела кога беше во Малта.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Водителката досега ги има носено во најразлични варијанти, а совршено стојат како во вечерни, така и за дневни изданија.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Тие се мошне елегантни, со минималистички дизајн и лесни за комбинирање, а препознатливи се по горниот дел во облик на буквата Н.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Можат да се најдат во најразлични нијанси, а најпопуларни се кафеавите, белите и црните. Прв пат се направени во 1997 година од Пјер Харди, а наречен се по алжирскиот град „Оран“.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Покрај овој модел популарен е и моделот „Оасис“ кој целосно го има истиот дизајн како и „Оран“, само се со штикла.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Инаку, на официјалната интернет страница на брендот „Хермес“ најниската цена на наједноставните модели на овие папучи се движи нешто под 600 евра, додека разни варијанти се продаваат и со многу повисоки цени кои можат да достигнат сума дури и од неколку илјади евра.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button