Зошто само жените со затегнат стомак и блескава кожа можат да се РАЗГОЛУВААТ?! Никол има 63 години и не се согласува со тоа

Никол има 63 години и е свесна дека времето е незапирливо и дека сé се менува, па не се срами да ја покажа својата бела коса и своето тело кое оди со нејзините години.

Таа вели дека многумина ја осудуваат и сметаат дека само жените со затегнат стомак и блескава кожа имаат право да бидат полуголи…
Легендарната холивудска актерка Розалинд Расел во една пригода има изјавено дека уживањето во животот е најдобрата козметика што една жена може да си ја дозволи. А колку има вистина во овие зборови со свој пример најдобро ни покажува манекенката Никол Грифин.
Никол има 63 години и веќе 10 години е познат светски фото-модел, а моментално е актуелна во кампањата за долна облека на познатата марка „Marks & Spencer“.
Но како што самата вели, таа кога и да се соблече и го покаже своето тело, постојано добива критики од јавноста и многумина јавно ја осудуваат, не сфаќајќи како една постара жена може слободно го покажува своето тело како што тоа го прават помладите дами, со сите свои несовршености.

„Луѓето секогаш, во медиумите или на интернет, ќе ме критикуваат затоа што го покажувам стомакот или целулитот, ќе ме засрамат заради мојата побелена коса и брчки. Секогаш се истакнувам, покрај тоа што сум најстара јас сум и една поприлично раскошна дама, со нефарбана сребрена коса, пуничко, заоблено тело и чудна старечка енергија“, вели таа во една пригода.

Инаку Никол и во 2016 година предизвика големо внимание во јавноста кога се појави на страниците на „Sports Illustrated“.

Таа е најстариот модел што некогаш се има појавено на страниците на овој познат магазин, а нејзината провокативна фотографија во костим за капење ќе влезе во аналите на модната индустрија.
Инаку, само неколку години претходно Никол ќе се најде во тешка ситуација. Нејзините близначки Табита и Ели тогаш требаа да тргнат на факултет, а таа одвај имаше пари да преживее од први до први. Покрај тоа се борела и со депресија, така што морала да преземе нешто за да се врати во живот. И тогаш, сосем случајно, во една продавница ќе и пристапи моден скаут и ќе ја пофали нејзината бела коса. Нејзе тогаш ќе и се запали сијаличката и ќе тргне во светот на модата и убавината. И пред да сфати што и се случува, таа веќе ќе се најде на насловните на магазините, и тоа во костим за капење, со најпознатите модели.

„Јас само личам на повеќето жени кои доаѓаат да купат градник во „Marks & Spencer“ изјави таа во врска со нејзината последна кампања и додаде дека е презадоволна и горда со она што го работи, посебно што ја има прилика на жените да им покаже дека убавината доаѓа во сите облици.

„Стареењето е привилегија и нема од што да се срамите. И мислам дека тоа посебно мораат да го знаат помладите жени. Сé се менува во животот, па така и нашето тело и тоа и тие на крај ќе го спознаат“ вели Никол и додава:
„И покрај негативните коментари, јас секогаш ќе чекорам напред“, заклучува оваа прекрасна дама.
Фото: Инстаграм/ Никол Грифин
Фото: Инстаграм/ Никол Грифин
Фото: Инстаграм/ Никол Грифин
Фото: Инстаграм/ Никол Грифин
