Зошто никој не барал пари за откуп од мајката на Вања – таткото пријавил, а им ја предал на монструмите?!
На прес-конференцијата за медиумите, министерот Оливер Спасовски ги изнесе морбидните детали, откривајќи го мотивот, но одговарајќи и на сите нелогични прашања во врска со целиот мистериозен случај...
Целиот регион е во шок откако полицијата соопшти дека ги пронашла телата на малата Вања Ѓорчевска (14) и фризерот од Велес, Панче Ж. (74), но и дека убиствата на овие две лица се поврзани.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски задно со Јавниот обвинител Гаврил Бубевски во текот на вчерашната прес-конференција ги соопштија деталите во врска со овој грозоморен случај, но и се обидоа да одговорат на неколку нелогични прашања.
Вања Ѓурчиновска е пријавена дека е исчезната на 27 ноември, на патот кон нејзиното училиште во Дебар Маало, а од МВР соопштија дена таа е киднапирана од влезот на зградата во која што живеела, врзана и ставена во вреќа во автомобилот.
Фото: Фејсбук
Станува збор за автомобилот на Панче Ж. , марка „цитроен“, кој подоцна, истиот ден е пронајден запален, и тоа во близина каде една недела подоцна е пронајдено безживотното тело на девојчето.
Како што откриваат од МВР и обвинителството, мотив за убиството и во двата случаи е користољубие, но во целиот случај има и неколку нелогичности што отвораат бројни прашања во врска со „мистериозното“ киднапирање и убиство.
Зошто „Сејф сити“ не го забележа „цитроенот“?
Првата од нив е како осомничените лица се движеле со возилото „цитроен“ кое што го одземале од берберот од Велес кој веќе беше пријавен за исчезнат.
Имено, Панче се води како исчезнат од 22 ноември, иако семејството го пријави на 24 кога и открија дека го нема, заедно со неговиот автомобил кој подоцна ќе биде користен во киднапирањето на Вања.
Фото: Фејсбук
Од друга страна, според изјава на ќерката на убиениот фризер, Вања Ѓорчевска и нејзиниот татко не се познавале. Како што откри таа, ниту нејзиниот татко ниту пак било кој друг од нејзиното семејство ја познавал Вања. Јавноста, исто така, беше изненадена и од драстичната разлика во години, посебно што убиениот пензионер од Велес и малолетната девојка по која трагаше целиот регион, немаат никакви допирни точки.
Се поставува прашањето како осомничените за нејзиното киднапирање, како и за убиството и на двете лица, се движеле со автомобилот кој веќе бил пријавен како исчезнат и тоа низ центарот на Скопје, каде се поставени бројни камери, а тоа никој од надлежните да не го забележи.
Како што објасни министерот Оливер Спасовски на вчерашната прес-конференција, тоа е така затоа што осомничените најверојатно автомобилот воопшто не го возеле се до кобниот ден, кога го извршиле киднапирањето и убиството на малолетната девојка. Тогаш всушност автомобилот и се појавува на камерите „Сејф сити“, кога прв пат е и забележан, и кога е забележано дека цело време се движел во колона со уште едно возило, за кое подоцна е утврдено дека се користело како возило на партијата основана од првоосомничениот. Овие детали ги потврдуваат и приведените лица според чии искази лицето Љ.П. воедно е и извршител и на двете убиства.
Фото: МВР
Во соопштението што беше објавено од обвинителството во недела, кога петте лица беа приведени, беше наведено дека по вештачењето на пронајденото опожарено возило од марката „цитроен“ биле обезбедени материјални докази за вмешаноста на дел од овие лица, кои во полицијата ја признаа вината, но и го посочија извршителот на двете убиства.
Фото: Фејсбук
Зошто никој не барал пари за откуп од мајката?
Како што објави министерот Спасовски, но и претходно од обвинителството, мотивот и за двете убиства се наведува користољубие.
Но од тука произлегува и прашањето зошто Вања била убиена само неколку часа по киднапирањето, доколку сторителите на овој грозоморен чин сакале да изнудат пари од нејзината мајка. И зошто воопшто не ја контактирале мајката и не побарале од неа пари за откуп.
Како што беше откриено и на прес-конференцијата, мајката на Вања имала продадено стан и овие пари всушност биле мотивот.
Но ситуацијата за киднаперите се искомплицирала откако мајката на Вања за многу брзо време го пријавила случајот во полиција.
Имено, како што и претходно беше соопштено, мајката на Вања ја пријавува за исчезната во 8.35 часот, јавувајќи се на бројот 112.
Оваа пријава подоцна била проследена до надлежните институции, а неколку часа подоцна, односно во 11 часот, и таткото, кој не живее со семејството (но има клуч од нивниот стан – види тука), официјално пријавува дека нивната ќерка е исчезната.
Фото: Инстаграм
Како што е откриено во текот на истрагата, киднаперите ја убиле Вања пред таткото да пријави во полиција.
Наводно ги фатило паника и во паника решиле да ја убијат, а потоа нејзиното тело го закопале во атарот на селото.
Потсетуваме, телото на малата Вања беше пронајдено откако осомничените лица го признаа делото и на полицијата им открија каде е закопана тинејџерката, но и берберот од Велес.
Потерница по лицето што е првоосомничено во случајот
Во нивните убиства вмешани се пет лица, од кои четворица се во притвор. Еден од нив е таткото на девојчето кој вчера беше донесен во судница, кој го негира делото и кој додека го носеа со лисици во судот направи чуден потег, како да сакаше нешто да каже пред камерите (види тука). Петтото лице, кое воедно е посочено како организатор и извршител на убиствата, се уште е бара.
Ова лице ја напуштило државата на 30 ноември и по него во текот на вчерашниот ден е распишана меѓународна потерница.