Реклама
Холивуд

Зошто Камила Паркер го носи накитот на принцезата Дијана?

Реклама

Камила Паркер, војвотката од Кронвел, беше критикувана на Твитер, бидејќи носеше дијамантски брош што Лејди Дијана го доби од кралицата Елизабета како подарок кога стана дел од кралското семејство.

Кралицата Елизабета има неверојатно голема колекција на накит, од кои некои парчиња се стари и преку 200 години. Кралицата им го дава на жените кои се поврзани со кралското семејство, а Лејди Дијана беше една од жените кои носеа многу парчиња од оваа збирка.

Маркетинг

По трагичната смрт на Лејди Ди, целиот накит и беше вратен на кралицата, па дури и споменатиот скапоцен смарагден брош што Камила Паркер, актуелната партнерка на принцот Чарлс, го има носено многупати до сега. Но со оглед на тоа што јавноста е свесна дека Камила му беше љубовница на Чарлс, особено по новиот документарец што се појави неодамна, и дека поради неа Дијана и принцот се разделија, на многумина не им е јасно зошто Паркер има потреба да носи нешто што и беше дадено како подарок на Дајана.

https://www.instagram.com/p/BurmPjyF8Y4/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control

Маркетинг

 

Во прашање е брош кој уште во 1863 година како венчален подарок го доби принцезата Александра од Данска, кога се омажила за тогашниот принц, а подоцна и крал, Едвард VII. Принцезата Дијана го носеше овој брош во 1986 година за време на една официјалната посета на Виена.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button