Постојат луѓе кои се многу комплицирани и кои имаат големи потреби во креветот. Кога е во прашање интимноста, кај нив не може да се помине лесно.
Тие сакаат да знаат сѐ за вас на различни нивоа, а еден хороскопски знак ја има предноста во тоа. Се работи за Водолијата и тоа личностите родени во години на владеење на планетата Венера, односно: 1934, 1941, 1948, 1955, 1962, 1969, 1976, 1983, 1990, 1997.
Кога Водолијата сака некого, тоа се гледа од авион, затоа што не ги крие своите емоции. Луѓето родени во овој знак се природно атрактивни и со нив вашиот ум лесно може да ви „одлета“. Сексуалната желба е само еден аспект на Водолиите кога е во прашање љубовта. Тие исто така се заинтересирани добро да ве запознаат и сите информации ги спојуваат како сложувалка, сѐ додека не добијат комплетна слика за вас.
Овој хороскопски знак сака да напредува во сѐ, па така и во љубовта. Сака возбудливи работи кои може да им го разубавеат секојдневието. Нивната бунтовна страна посебно доаѓа до израз при изборот на партнер, зашто се склони кон екстремни типови.