Иако во години сте млади многу навики можат да ве направат стар, еве дел од нив!
Не користете средства за заштита од сонце
Првото правило за заштита на кожата од предвремено стареење е влијанието на штетно сонце. УВ зраците го оштетуваат колагенот, еластинот и клетките на кожата, што резултира со појава на брчки и развој на рак на кожата. Колку е поголем заштитниот фактор што го користите, вашата кожа ќе стане поздрава.
Спиете малку
Спиењето прави да изгледате помладо. Ноќе, оштетените клетки се регенерираат, но само ако имате добар сон. Во случај ако ви е нарушено спиењето тогаш се пореметува целиот процес на обнова. Обидете се да спиете по осум часа секоја вечер.
Не јадете доволно овошје
Мал број луѓе се држат до правилата дека дневно треба да внесат најмалку 200 до 300 грама овошје. Овошјето и зеленчукот содржат многу хранливи прехранбени производи, како што се антиоксиданти и витамини, и тие влијаат врз стареењето и здравјето на кожата.
Јадете шеќер
Храна богата со шеќери и скроб,како бел леб, сладолед и чипс може да предизвика големи проблеми на твоето лице. Зголеменото количество на шеќер во крвта предизвикува воспаление и може да доведе до појава на мозолчиња на лицето.
Цигари
Пушењето влијае на целото тело. Не е само лице кое ќе претрпи штета, туку ќе се борите и со вишокот на кожа која ќе се појави на вашите раце.
Премногу алкохол
Постои причина зошто никој не изгледа убаво наутро по пиењето. Алкохолот ги намалува антиоксидантите во вашата кожа. Тоа предизвикува иритација и појава на слободни радикали кои ја оштетуваат кожата. Алкохолот ја дехидрира кожата и прави да се чувствувате постари.