Зорица Заева се преполови – во овој „мал“ детаљ се крие тајната на нејзиниот изглед, погледнете ја подобро оваа фотографија!
Сопругата на премиерот Зорица Заева со нова шик фризура и тесни фармерки со кои ги воодушеви жените
Веќе и врапчињата на гранките знаат дека фармерките важат за безвременски класик во сечиј женски плакар. Можеме да ги носиме речиси во секое издание, без разлика дали се во прашање вечерни или дневни пригоди. Со паметно избрани парчиња и модни додатоци со кои ќе ги комбинираме, можеме да направиме милион интересни комбинации, а всушност во тоа и се крие нивната магија – тие се удобни, а притоа и естетски убаво изгледаат.
Впрочем тоа можеме да го видиме и од ова младешко издание на Зорица Заева која избра класични „скини“ модел и во нив изгледаше фантастично. Таа ги носеше во комбинација со шик кошула во нежна розова боја, а целото издание го зачини со преубава фризура и црвен лак за нокти.
Како да изберете „skinny“ фармерки
Што се однесува до „skinny“ фармерките, во прашање е тренд кој е присутен веќе неколку сезони, а според Инстаграм профилите на познатите дами, и оваа есен ќе бидат поприлично актуелни . Тие се едноставни за комбинирање, па затоа им се омилени на многу познати дами, а очигледно меѓу нив е и сопругата на нашиот премиер Зоран Заев.
Многу жени често грешат бидејќи од преголема желба да изгледаат неколку килограми послабо купуваат фармерки кои се минимум еден број помали од онаа величина што навистина ја носат. Но тоа е потполно погрешно, а резултатот на таквата одлука може да биде неуреден изглед, па затоа добро внимавајте кога избирате фармерки. Од друга страна кога ќе најдете модел што ви стои убаво, истиот веднаш станува едно од омилените парчиња во плакарите, па додека се уште сте во продавницата размислете дали е тоа моделот што ви стои најдобро и кој одговара на вашиот стил.
И токму затоа фармерките важат за еден од оние безвременски класици, а тоа важи и за госпоѓа Заева.
Тесните, темни фармерки какви што носи таа, ги издолжуваат нозете и прават да изгледаат потенко. Тоа што ги комбинираше со светла кошула која што ја носеше со неколку откопчани копчиња како во предниот дел, така и на ракавите, допринесе да изгледа поприлично ефектно.
Во продолжение погледнете и како познаттие ИТ девојки носат тесни фармерки оваа есен.
Инаку, оваа сезона во мода се потемните модели…
Како и оние со непорабени ногавици.
Можете да ги носите „сооверсајз“ сакоа…
Со кошули…
Но и со џембер и шик тексас јакна.
Или пак со „рокерка“.
Посебно добро стојат со чизмички…
Но и со стејтмент сандали.
Не заборавајте дека оваа есен во мода се бели чизми…
Како и тренч мантилите.
Не заборавајте и на тоа дека не мора да бидете во „минус“ со килограмите за да ви стојат убаво…
Погледнете ги и останатите комбинации и изберете која од нив би можеле да ја пробате во следниот период.