Зорица Заева во тесен корсет и со длабоко деколте – МНОГУМИНА ИЗНЕНАДЕНИ од ова нејзино издание
Сопругата на некогашниот премиер во провокативно издание славеше со својот пријател. Ваква ја немаме видено никогаш.
Зорица се појави на роденденот на својот пријател во тесен корсет кој го истакнува нејзиното деколте и ги изненади своите следбеници.
Скоро 3 децении Зорица и Зоран Заев се во брак, а нивната приказна започнува уште од нивните средношколски денови.
Зорица е исто така дипломиран економист, а разликата во години помеѓу неа и Зоран е само една година.
По една година пријателска дружба, започнале да се забавуваат. Последната година на Економскиот факултет во Скопје почнале и заедно да живеат.
Кога Заев ѝ предложил брак веќе работел во семејната фирма во која се вработила и таа самата.
Плод на нивната љубов се децата Александра и Душко.
По завршувањето на функцијата премиер, Зоран Заев целосно се повлече од јавноста и се посвети на сопствениот бизнис и семејството.
Зорица пак, е активна на социјалните мрежи, каде понекогаш знае да сподели и фотографии од нејзиното секојдневие.
Нејзиниот најдобар пријател, стилистот Драган Гоцев славеше роденден, а на неговата приватна забава присуствуваше и Зорица.
Откако линијата ја доведе до совршенство, Зорица обожава да се облекува малку позаводливо, па така беше и овој пат.
Таа се одлучи за црна класична комбинација, а најмногу внимание привлече тесниот корсет и длабокото деколте.
Погледнете:
ФОТО: Фејсбук / Зорица Заева
ФОТО: Фејсбук / Зорица Заева
ФОТО: Фејсбук / Зорица Заева
ФОТО: Фејсбук / Зорица Заева
ФОТО: Фејсбук / Зорица Заева
ФОТО: Фејсбук / Зорица Заева
ФОТО: Фејсбук / Зорица Заева
ФОТО: Фејсбук / Зорица Заева
ФОТО: Фејсбук / Зорица Заева