Зорица Брунцлик објави потресни вести, коронавирусот е во прашање: „Заедно делевме и добро и зло, за жал се случи…“
Зорица Брунцлик ги одложи своите работни обврски и се обрати преку социјалната мрежа Инстаграм, истакнувајќи дека е „сигурна дека од сето ова ќе излеземе како победници“.
„Заедно делевме и добро и зло. Пеевме на мостовите додека паѓаа бомби, но и на плоштадите, славејќи ги празниците и успесите на нашите спортисти. Со песна ги испраќавме старите и ги дочекувавме новите години, надевајќи се на подобро, со срца полни убави желби еден за друг, но и заедно тагувавме, не штедејќи солзи, кога испраќавме некои драги луѓе кои со своето присуство ги одбележија нашите животи. Бев тука за вас во време кога се веселевте, венчававте, крштевавте, напредувавте во животот и во кариерата, а уште повеќе кога ни се случија поплави, војни, бегалски колони, земјотреси, давајќи се за барем малку од вашите маки да ги преземам на себе, зборуваше пејачката.
„На моја огромна жал и надвор од било чија контрола, пандемијата од коронавирусот која се надви над светот не ја заобиколи ниту нашата земја, а моја желба е поради мене никој да не биде доведен во било каква опасност“, истакна Зорица, која ги одложи сите свои работни обврски за никој од нејзината публика, па ни таа, да не бидат изложени на опасност.
„Моите мисли и мислите на целото мое семејство сега најпрво се со сите оние кои се борат со оваа тешка зараза, со желба полесно да победат, а моите молитви се со сите вас кои живеете на овие простори. Ве молам да останете здрави, да бидете смирени и мудри, да ги следите сите инструкции кои ви ги даваат овластените лица, да водите сметка пред се за себем зошто на тој начин водите сметка и за сите други… Моите молитви се со граѓаните кои се најзагрозени, да ја зачуваат присебноста и да не се изложуваат на непотребен ризик, а посебно со државните служби и здравствените работници кои како секогаш до сега прават се да обезбедат ред, мир и да им помогнат на луѓето кои страдаат и сигурно сум дека и овој пат ќе го направат тоа“.
„Овој народ во текот на тешката и бурна историја многу пати покажа дека е најсилен кога е најтешко, и дека пред се го краси саможртвување, дисциплина, хуманост и љубов кон своите блиски. Сигурна сум дека ќе бидетака и овој пат и дека од сето ова ќе излеземе како победници. Јас ќе дадам се од себе и преку својот пример да покажам и со своето однесување да придонесат за тоа. И тогаш, како илјаднци пати досега, ќе ве чекам заедно, со песна да прославиме! Чувајте се, ве молам. Ве сака, секогаш и засекогаш ваша Зорица“, порача Зорица, а со својата објава предизвика бројни емотивни реакции во јавноста.