Реклама
Наши ѕвезди

Зоки со солзи на очите, ова нема никогаш да го заборави – пријателите во најтешкото не го заборавија

Итно мора на операција – на новинарот Зоран Василевски потребна му е помош од хуманите луѓе

Реклама

Колегите и пријателите собираат пари за Зоки

Преку социјалните мрежи многумина апелираат да му се помогне на Зоран Василевски попознат како Зоки Фаци.

Познатиот новинар и шоумен веќе неколку години води тешка борба со канцер, па сега треба итно да оди на операција.

Маркетинг

Како што објави неговиот пријател и јутубер Стефан Лазаров, Зоки треба итно да се оперира во приватна клиника.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци

За ова операција потребни се 15.000 евра, кои Зоки во моментот ги нема, па затоа неговиот пријател објави повик за донации.

И како што Стефан објави подоцна, голем дел од парите веќе се собрани, но за целосната сума потребни се уште.

Фото: Инстаграм/ Стефан Лазаров

„Фала ви на сите, пријатно сум изненаден од ова армија на љубов што ми ја давате деновиве. Стефан. Фала ти од срце, фала ти за се, одам на операција“, изјави Василевски во своето обраќање на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/ Стефан Лазаров

И како што додаде Стефан, повеќе од 50 % од парите се собрани, но бидејќи е викенд тие се уште немаат целосен увид. Сепак, се надеваат дека со помош на хуманите луѓе ќе успеат до понеделник да ги соберат потребните пари со кои Зоки би можел да се оперира.

Фото: Инстаграм/ Стефан Лазаров

Инаку, Зоки на својот профил го сподели и видеото кога Стефан му покажа дека започнал донација за собирање пари.

Фото: Инстаграм/ Стефан Лазаров

Зоки не можеше да се воздржи од преголемите емоции, па пушти солзи, а Стефан му порача дека заедно ќе победат.

Фото: Инстаграм/ Стефан Лазаров

„Ова е најубавото нешто што сум го добил во животот, Стефан, фала ти“, му порача Зоки на својот колега и пријател.

Фото: Инстаграм/ Стефан Лазаров

Потсетуваме, на Зоки под итно треба да му биде направена операција и за истата му се потребни средства.

Фото: Инстаграм/ Стефан Лазаров
Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци

Сметките за донација може да ги видите во продолжение, а наскоро ќе бидат објавени и телефонските броеви.

Фото: Инстаграм/ Стефан Лазаров

Па, ајде сите заедно да помогнеме да го пратиме Зоки на операција и да му го спасиме животот.

Бонус видео

Инстаграм/ Стефан Лазаров

Зоки им се заблагодарува на хуманите луѓе

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button