Новости

Златното момче од Гостивар го остави без здив жирито во Хрватска: Ова дете има волшебен танц, ќе му се исполни сонот за Холивуд

Advertisement

„Доаѓам од Македонија. Живеам во Гостивар и танцувам. Танцувањето е мојата страст“, со овие зборови се претстави 14 годишното момче од Гостивар на хрватскиот „Суперталент“ каде што предизвика восхит кај жирито кое буквално стана и му аплаудираше на нашиот млад танчер по неговиот настап.

Тој во своето претставување наведе дека неговиот татко студирал во Хрватска, таму поминал половина живот.

Advertisement

Фото: Фејсбук

„Ги следеше емисиите на „Суперталент“, ги гледаше епизодите и ме праша зошто не би се пријавил“, вели Исмаили кој доби и златен тастер од член на хрватското жири во емисијата „Суперталент“.

Advertisement

Инаку, балетанот Анди Исмаили (14) освои четврт медал на светски шампионат во модерен балет кој се одржа во словенечкиот град Потчетртек лани во декември, а еве што вели за неговиот танц жирито во Хрватска.

„Беше навистина волшебно и убаво, многу ми се допаѓаат твоите пируети, свиоци, технички одлично го изведе, музички си, претставителен и знаеш да танцуваш. Ова беше одлично за мене“, рече Давор кој е член на жирито.

Анди во едно свое интервју за Мета.мк најави дека ќе продолжи да се занимава со модерен балет, а својата иднина ја гледа во Холивуд. Тој е дел и од филмот „Breakfree“, каде ја игра главната улога.

„Модерниот балет го сакам многу и ќе продолжам да вежбам. Имам снимено и филм во кој ја играм главната улога. Филмот се вика „Breakfree“ и ви препорачувам да го погледнете, бидејќи темата на филмот е „булингот“ и мешањето на родителите во професијата на детето. Се надевам дека еден ден ќе стигнам и до Холивуд“, вели Анди.

Родителите на Анди се пресреќни од досегашните успеси, но сепак за Мета неговиот татко, Фатон Исмаили, вели талентот на Анди не е доволно препознаен во државата која ја претставува на светските натпреварувања.

Инаку, Анди е член на клубот iDance studio од Гостивар, а негови тренери се Вулнет Назири и Сарита Селмани. Тој беше апсолутен победник и на меѓународниот натпревар „Стејџ“ што се одржа во Скопје.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button