Златна бубамара: „Медена земја“ доби стоечки овации – веселата Атиџе запеа на сцената (фото)
Веселата Атиџе запеа на сцената.
Оскаровски момент на Златната бубамара. Миланка Рашиќ, повеќегодишен проследувач и коментатор на церемонијата на доделувањето на оскарите, му доделува Златна бубамара за најголем интернационален успех на тимот на документарецот „Медена земја“, кој на овогодишното доделување на наградите на Американската филмска академија имаше две номинации – за најдобар документарец и за најдобар филм.
Вистинска еуфорија во салата предизвикува појавата на протоганистите од филмот фамилијата и Атиџе Мустафова, хероината на филмот, која, бидејки многу сака да пее, пее и на Златната бубамара, но претходно добиваат петминутни стоечки овации.
Жената, од овој документарец која за да добие сигнал за мобилен телефон мора да се качува на врвот од подалечен рид, и без таков сигнал успеа да ги испрати најмоќните пораки до македонската јавност.