Реклама
Интервју

Златко Јовановски „Роден сум со три ѕвезди на чело и плус со невидлива круна што сјае“

Реклама

Тој важи за еден од креаторите на високата мода во нашава земја. Младиот и талентиран македонски дизајнер Златко Јовановски во јавноста повеќе познат како Џеј- зи- Џеј вели дека тој сам по себе е шоу, па така овој период не му недостасуваат модните настани кои што се одржуваа…

Пролетниот моден викенд не се одржа поради вонредната состојба, најверојатно така ќе биде и наскоро со есенскиот, Ви недостасуваат ли ваквите модни настани?

Па искрено и не ми недостигаат модните настани тука, бидејќи секоја сезона сум дел од нив, најчесто како учесник а поретко и само како гостин. Ја сум шоу сам по себе во публика а мојте ревии се спектакли, па мислам дека јас им недостигам ним, повеќе. :) 

Ве инспирираше ли нешто посебно во овој период, нов начин на живот за сите нас?

Факт е дека овој период ни го смени начинот на живот на многу од нас, и не натера да го цениме она што можеби и не сме го забележувале претходно. Кога беше периодот на построги мерки, и домашен карантин, јас мојот дом го претворив во мини ателје. Па наместо да гледам филмови или џаболебарам и трачарам по социјалните мрежи, вредно работев на новата колекција. Претпоставив дека ревии нема да има годинава, па направив едиторијал кој беше претставен на мојте профили на Инстаграм и Фејсбук, а имаше и премиери во неколку печатени весници.

Маркетинг

Кои се вашите планови, како би ја презентирале новата колекција на публиката?

Како и што кажав претходно, и следните планирани колекции би биле претставени само со едиторијали на социјалните мрежи. Јас сметам дека денес од една слика, еден лајк или една порака на Инстаграм може да ви направи пресврт и бум во вашата кариера повише од една ревија. Јас тоа го имам осетено врз мене, поради мојот Инстаграм профил јас стигнав до реклами во Холивуд, рекламата на Тајга, фешн викот во Лондон, ревијата во Харбин- Кина, задно носеше светски познатиот шминкер Ману мое сако за едиторијалот за лансирање на неговата нова колекција шминки во Њујорк, итн. Мислам стварно Инстаграм знае да направи чуда…

Се промени ли нешто во вашата работа, во овие неколку месеци од кога владее пандемијата предизвикана од Корона вирусот?

Да. Искрено многу има промени. Сега кога ателјето треба да работи со полна пареа и огромен хаос поради сезона на свадби и други свечености, нам ни е скоро се стопирано. Не е лесно, но здравје… И се ќе си дојде на свое место… Само здравје…

Маркетинг

Се работи исклучиво за талент, или и формално се имате образувано за да бидете моден дизајнер?

За да бидете дизајнер може да завршите школо, ќе ви дадат хартија со потпис и печат после три- четири години и вау вие сте дизајнер. Можеби ке знаете да кроите и да шиете и се е тоа супер. Но за да успеете мора да сте предодредени за тоа, мора да живеете за дизајнот и да се помирите со фактот дека работно време нема да имате. Освен тоа, нормално – мора да имате и талент. На сето тоа, за да бидете посебни мора да се родите и со ѕвезда на чело. Јас сум и талентиран и роден со три ѕвезди на чело и плус со невидлива круна што сјаје. И да, имам завршено и средно уметничко школо за моден дизајн. 

Важите за еден од креаторите на високота мода во Македонија, која е најлошата критика која ја имате добиено?

Најлоша… па имало доста посебно во првите две три години. Ама од дома ме научија дека не се другите битни, јас сум најважен. Па затоа и не се сеќавам на нив, а и не сум дозволил мојата самодоверба да ја стават на кантар. 

Со кого од светската естрада би сакале да имате соработка?

Со многу од нив би сакал искрено. Сметам дека јас сум совршен дизајнер за костими кој што се носат на големи сцени и гигантски настани. Што светкаат и сјаат. Да се навратам на мојте желби, тоа би било Шер, Џеј Ло и Карди Би.

Кое е вашето животно мотно?

Моето мото… Ако прво не се сакаш (најмногу) себе си, не можеш (ниту малку) да ги сакаш другите, и да, кога ке се погледнеме во огледало да гледаме совршена личност со огромна невидлива круна која доста сјаје на високо крената глава. 

Што ве прави среќен?

Најмногу? Мојата работа, и моето алтер его – JZJ, the king of sparkle. 

Имате ли посебна музика која ве инспирира?

Јас слушам од комерцијален странски поп, до српски турбо фолк, а почесто знам да идам и на опера. Така да, зависи од денот, периодот. Ме инспирираат моментите и случките додека се слуша музиката.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button