Реклама
Наши ѕвезди

Зекири ,Бисера и нивното тримесечно бебе позитивни на Ковид 19

Реклама

Потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири, неговата сопруга и нивното тримесечното бебе се позитивни на Ковид 19.

 

Маркетинг

 

„И покрај строгото придржување кон мерките и минималните контакти со луѓе, сакам да ве информирам заедно со сопругата и мојата три месечна ќерка сме позитивни на тестирањето за Ковид 19. За среќа јас немам никаков симптом но резултатот е позитивен. Уште еднаш апелирам до сите да не го потценувате вирусот и можноста за зараза и да бидете максимално внимателни. Доколку кај вас или ваши блиски забележите и најмал симптом консултирајте ги матичните лекари и не одбивајте да се тестирате“, пишува Зекири.

Маркетинг

Среќата за новиот член во семејството, Зекири преку социјалните мрежи пред три месеци ја сподели со јавноста.

,,Благодарни сме Господе што на овој ден, 24.02.2020, нè израдува со ќеркичка. На овој свет денеска дојде Далиа Нани Зеќири, 50 см и 3.280 г. Бескрајно благодарни сме Господе што го израдува нашето семејство. Се молиме Господе оваа радост која ние ја почувствувавме денеска, да ја почувствуваат и сите оние парови кои посакуваат да имаат деца!!! Амин “, објави Мухамед Зекири, поранешен новинар и пратеник и потпретседател на СДСМ.

Мухамед Зекири и Бисера Јордановска по повеќегодишна љубовна врска стапија во брак минатата година. Јордановска од првиот брак има син, а Зеќири две ќерки.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button