Згодниот син на Драгана Мирковиќ го прослави 20-от роденден во ЛУКСУЗНИОТ дворец – погледнете ги деталите
„Заради забрана за собирање и строгите мерки во Австрија, роденденот на Марко го славевме како Ивкова слава“, истакна познатата пејачка на Инстаграм.
Пејачката Драгана Мирковиќ (53) ги изненади своите фанови кога објави слика од својот наследник Марко.
Таа на овој начин му го честиташе 20 роденден, а преку социјалните мрежи и откри како го прославиле роденденот.
Пејачката на својот Инстаграм објави видео направено од неколку фотографии од семејниот дом во Виена.
Заради пандемијата и мерките, тие роденденот го прославија во кругот на семејството.
„Заради забрана за собирање и строгите мерки во Австрија, роденденот на Марко го славевме како Ивкова слава, пет дена. Но се за тебе, лаву мој, Те сака мама“, напиша пејачката во објавата.
Таа за оваа пригода носеше интересна црна свечена комбинација, а како изгледаше нејзиниот дом за време на роденденската прослава погледнете во продолжение.
Сите детали на декорацијата се украсени со кралот на животните, а најголемо внимание привлече големиот шампањ сред соба.
Очигледно родителите се потрудиле и во време на вирусот корона на нивниот син да му приредат вистинско изненадување.
Инаку, Драгана Мирковиќ е позната како некој што своите деца ги крие од јавноста, посебно што нејзиниот син и ќерка не сакаат да се експонираат. Нејзината ќерка Мануела има полни 18 години и како што вели Драгана, таа е спортски тип и потполно во некој друг фазон.
Пејачката неодамна на својот профил на Инстаграм објави фотографија од Марко облечен во костум.
Лицето му беше покриено со заштитна маска, но фановите на пејачката забележаа дека нејзиниот син пораснал во згодно и убаво момче. Во рацете држеше диплома, а пејачката во описот на фотографијата напиша:
„Мојот матурант, моја гордост“.
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ