Реклама
Наши ѕвезди

Згодниот романтичар нуди помош за стотина семејства од Измир – ПОЗНАТИОТ турски актер ја покажа и својата хумана страна!

Реклама

Познатиот турски актер Џан Јаман во последните неколку недели беше во центарот на вниманието заради неговите луди забави и покрај строгите мерки.

Фото: Инстаграм/ Џан Јаман

Турските медиуми пишуваа за секој детаљ од неговиот ноќен живот во изминатиов период, а многумина го критикуваа дека не е загрижен премногу и дека не ги почитува мерките за заштита од вирусот корона.

Но Џан официјално се уште се нема огласено во врска со тоа, но затоа се осврна на едно многу поважно прашање од тоа каде и како го минува слободното време.

Маркетинг

Имено, тој најави дека ќе им испрати помош на стотина семејства кои се погодени од страшниот земјотрес во Измир. Помошта ќе им биде испратена во следниве месец дена, а неговиот пример решија да го следат и неговите колеги.

Фото: Инстаграм/ Џан Јаман

Потоа на актерите им се приклучија и други јавни личности како што се музичарите и спортистите, а многумина го поздравија ваквиот гест на еден од најпопуларните турски актери во моментов.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман

Кој е Џан?

Во прашање е „вонсериски“ фраер, кој со актерство почна да се занимава потполно случајно, откако ќе го наговорат пријателите. По професија е правник, кој случајно ќе вплови во актерските води и кој на ова место за многу брзо време ќе се пронајде самиот себеси.

Фото: Инстаграм/ Џан Јаман

Џан се прослави со улогата во хит серијата „Романтичарот“ каде со својата партнерка Демет Оздемир вплови и во љубовна романса. Како што пишуваа тогаш турските медиуми, страста меѓу згодниот Џан и убавата Демет се роди на снимањето на 20 -та епизода, но нивната врска остана тајна се до самиот крај кога шармантниот турски актер престана да молчи и призна дека со Демет се гледал и приватно.

Инаку, Демет, односно симпатичната Синам од „Романтичарот“ претходно ја следевме во улога во слатките приказни за „Наследници“ и „Мирис на јагоди“, а сега повторно ја гледаме во „Романтичарот“. Таа во оваа популарна турска комедија глуми девојка со необичен шарм чие срце ќе биде освоено од бунтовниот богаташ Џан.

Фото: Инстаграм/ Џан Јаман

Од друга страна постојат и сомневања дека тие се сé уште во врска и дека не се само пријатели. Иако и двајцата го негираат тоа, Џан неодамна беше виден како излегува од куќата на Демет, па некои турски медиуми објавија дека тие наводно ја продолжиле врската, но тоа го кријат.

Фото: Инстаграм/ Џан Јаман

По овие гласини, Демет за медиумите ќе изјави:

„Имаме одличен однос со Џан Јаман, тоа беше одлично искуство кое ни донесе слава и на двајцата. Му посакувам успешна кариера и понатаму Ние сме пријатели, тој човек е полн со вредности, кого го сакам многу, иако не се гледаме многу често што поради различните обврски што поради новите правила што ни ги наметна пандемијата. Тој е личност за која многу се грижам“, изјави таа при гостувањето во шоуто на италијанскиот Канал 5.

Фото: Инстаграм/ Џан Јаман

Потеклото на Џан

Бабата на Џан по неговата мајка е од Македонија, што дополнително ги краде симпатиите кај нашите гледачи, особено кај припадничките на понежниот пол.

Роден е во Истанбул, но долго време живеел во Америка каде студирал, но сега неговиот дом е Турција. „Семејството на моите родители се емигранти од Југославија. Баба ми од страна на татко ми е Македонка. Ние одамна живееме во Истанбул и нашето семејство е семејство на адвокати “, изјави тој за еден од најпознатите турски портали.

Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button