Згодна Македонка покажа како за само некоку секунди ЗАРАБОТУВА ПОВЕЌЕ од една просечна плата
Бакшиш лета од сите страни, одвај ги држи парите...
Марија Луиса „кралица на бакшишот!“
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како нашата пејачка за само неколку минути заработува куп пари
Пејачката Марија Тодоровска, попозната како Марија Луиса, речиси секој ден има настап некаде, а покрај клубови и ресторани, често настапува и на различни веселби од кои си заминува со голем бакшиш.
И бидејќи често на социјалните мрежи може да видиме снимки на кои таа е со полни раце банкноти заради кои одвај го држи микрофонот во рацете, оваа фолкерка ја нарекуваат и „кралица на бакшишот“.
Впрочем неколку такви видеа испливаа и сега на кои се гледа како Марија пее, а рацете и се полни со пари.
Инстаграм/ Марија Луиса
На едно од овие снимки се гледа и како едно момче постојано ја кити со банкноти, а атрактивната пејачка стои пред него и пее.
Инстаграм/ Марија Луиса
Марија за оваа пригода беше облечена во бел фустан, со широко, кусо здолниште, а целото издание го „зачини“ со високи потпетици.
Инстаграм/ Марија Луиса
Од големиот труп пари што го држеше не може убаво да се види за колку пари станува збор, но повеќе од очигледно е дека Марија со само неколку песни заработува повеќе од една просечна плата.
Инстаграм/ Марија Луиса
Од овие снимки може да видиме и дека на нејзините настапи забавата е на ниво и дека гостите цела вечер пеат заедно со неа.
Како сето тоа изгледаше погледнете во продолжение…