Згодната беровчанка НИКОГАШ не изгледала олку добро – ќе се воодушевите кога ќе ја видите во овој костим за капење
Таа своето тело го има донесено до совршенство
Јелена Спенџарска реши да се опушти и да ужива во убавините на летото, а воедно со своите обожаватели сподели неколку фотографии од кои на мнгумина им застанаа здивот.
Спенџарска на Инстаграм се пофали со своето заводливо тело кое никогаш не изгледало подобро.
Имено, таа со фановите сподели неколку „пикантни“ фотографии од годишниот одмор, на кои носи дводелен костим за капење, а она што сите го забележаа е нејзиното неверојатно тело од кое застанува здивот.
Таа се забавуваше на бротче, а под фотографиите напиша: „Имам 99 проблеми, но на одмор сум и не ми е гајле за нив“.
Инаку ова не е прв пат Спенџарска да објави фотографија на која позира во костим за капење ова лето.
Таа сезоната за капење ја започна уште пред неколку месеци, а откако заврши со обврските замина во Грција на одмор.
И додека не започнат подготовките за новата сезона, згодната водителка ужива во убавото и сончево време, а со нејзините „оскудни“ фотографии ја крева температурата и го разубавува времето и на социјалните мрежи.