Збрлавеа балканските ТАБЛОИДИ, сите пишуваат за авантурата на нашиот Пајак и Теодора Џехверовиќ
„Летна авантура“ е песната која ќе биде дефинитивно хитот за лето 2023-то!
Пред само неколку часа излезе најновата песна на македонскиот трап изведувач Христијан Настески- Пајак. Ова младо момче оди во нагорна линија со својата кариера, овој пат направи дует со моментално анјпопуларната српска пејачака Теодора Џехверовиќ.
„Летна авантура“ е песната која ќе биде дефинитивно хитот за лето 2023-то!
Прекрасна летна мелодија, младиот артист се потпишува и зад музиката и зад текстот, а ааранжманот е дело на Иван Јованов.
Спотот е многу интересен, модерен и динамичен, пејачите се постојано во тон со боите на гардеробата. Не смееме,а да не го забележиме фантастичниот изглед на прекрасната Теодора. Таа е права дама со прекрасен сензибилитет. Просто не можеш да се одлучиш која комбинација и стои најдобро.
За новата песна пристигнуваат само позитивни коментари за од фановите и од колегите до Теодора и Пајак , меѓу коменатрите напишале и Таско и Стојан.
Очигледно Пајак убаво се чувствува во Србија, ако заклучиме според неговото стори утринава тој е полн со љубов.
Пајак ги освои срцата во Македонија откако се појави на „Макфест“ во дует со Лара Иванова со песната „Бела“ која исто така e негово дело.
Набрзо младиот Македонец доби покана за дует со мега балканската ѕвезда диџеј МС Стојан. Овој хит излезе пред три месеци и брои милионски прегледи. Да се потсетиме и на оваа песна :
Ова е дуетот на Пајак и Теодора , уживајте!