За шармантната македонска водителка годините се само бројка – објави фотографија од почетокот на кариерата и ги изненади сите
Македонската водителка покажа како изгледала на почетокот на својата кариера.
Бубе Јаневска Ивановска веќе долги години е дел од екипата на Канал 5 телевизија, каде всушност беа и нејзините почетоци како водител/презентер.
Скоро секој ден ја гледаме на малите екрани, а важи за една од најубавите водителки на македонската јавна сцена.
Таа е една од оние јавни личности што е активна на социјалните мрежи, но ретко објавува фотографии од приватноста.
Она што ѝ е познато на јавноста е тоа дека од 2013 година е во брак со својот сопруг Александар.
На социјалните мрежи водителката има споделено и фотографии од нивната свадба.
Круна на нивната љубов е нивната ќерка Нела, која ја добиле една година по стапувањето во брак.
Како што самата вели, нејзина најголема инспирација во животот е нејзиното семејство. Денот секогаш го завршува во кругот на смејството, кога си игра со Нела и се релаксира. За неа најголем успех е токму тоа што е мајка.
Шлаг на нејзиниот ден е гушкањето пред спиење со малата Нела, секојдневен ритуал на мајката и ќерката.
Инаку, Бубе е една од најзгодните водителки на нашата јавна сцена.
Таа многу внимание посветува на физичкиот изглед.
Секогаш се труди да биде средена од глава до пети.
На социјалните мрежи ја сподели и својата битка за губење на вишокот килограми.
Бубе, која во младоста немала проблем со тежината, по породувањето добила вишок на килограми од кои никако не можела да се ослободи. Држела многу диети, но никогаш не истрајувала до крај.
Откако се одлучила за режим за исхрана, Бубе својата линија ја доведе до совршенство.
Таа денес изгледа подобро од било кога.
Иако е долги години ја гледаме на малите екрани, мора да се признае дека за неа времето како да запрело.
На својот Фејсбук профил водителката сподели колаж фотографии од нејзините почетоци во нејзината матична куќа.
Мора да се забележи дека таа воопшто не се променила.
Фановите воодушевени не престануваат да ѝ пишуваат пофални зборови.
Фото: Фејсбук / Бубе Јаневска Ивановска
Фото: Фејсбук / Бубе Јаневска Ивановска
Фото: Фејсбук / Бубе Јаневска Ивановска
Фото: Фејсбук / Бубе Јаневска Ивановска
Фото: Фејсбук / Бубе Јаневска Ивановска
Фото: Фејсбук / Бубе Јаневска Ивановска
Фото: Фејсбук / Бубе Јаневска Ивановска
Фото: Фејсбук / Бубе Јаневска Ивановска
Фото: Фејсбук / Бубе Јаневска Ивановска
Фото: Фејсбук / Бубе Јаневска Ивановска
Фото: Фејсбук / Бубе Јаневска Ивановска
Фото: Фејсбук / Бубе Јаневска Ивановска
Фото: Фејсбук / Бубе Јаневска Ивановска
Фото: Фејсбук / Бубе Јаневска Ивановска
Фото: Фејсбук / Бубе Јаневска Ивановска
Фото: Фејсбук / Бубе Јаневска Ивановска