Реклама
Наши ѕвезди

За три дена во Македонија ќе се одржи невиден спектакл – шокантни цифри ќе заработат ови две дами

Целиот Балкан зборува за настанот што ќе се одржи во Скопје, а на кој ќе дојдат најбогатите Роми...

Реклама

Александра Пријовиќ во текот на изминатата 2023 година стана најбараната и најпопуларната пејачка во целиот регион.

Младата српска пејачка постигна неверојатен успех и важи за една од најбараните естрадни ѕвезди на целиот Балкан.

Каде и да настапи, салите се преполни, а концертите се повторуваа и по неколку дена на едно исто место.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ

Така беше случајот и во Загреб, што посебно го привлече вниманието на медиумите, но и во сите останати градови во кои што настапуваше во склоп на турнејата „Од исток до запад“.

Маркетинг

Но покрај заработката од концертите, Пријовиќ во изминатиов период заработи баснословни суми на пари и од приватните забави.

Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ

Имено, како што пренесуваат медиумите во регионот, одредени големи компании и бизнисмени не жалеа пари за да ја донесат Пријовиќ на своите предновогодишни прослави, па така пејачката заработуваше и од своите настапи во Белград.

Пејачката само во пресрет на Нова година заработи 100.000 евра и тоа само за час и половина пеење, а за концертите што ги имаше во изминатиов период и да не зборуваме.

Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ

Како што пренесуваат медиумите, само од настапите во Загреб, кога наполни пет Арени, Пријовиќ само од влезниците заработила речиси 3.000.000 евра, објави неодамна хрватскиот портал „24сата.хр“.

Промо

Од друга страна, нејзините колешки Светлана Цеца Ражнатовиќ и Теа Таировиќ кои ќе бидат главни ѕвезди на познатиот „Ромски бал“ во Скопје, само од овој настап ќе заработат 70.000 евра.

Како што откриваат медиумите, Цеца ќе биде платена со 50.000 евра, додека Теа ќе се задоволи и со сума од 20.000 евра. Ќе настапува и Џогани Фантастико за 10.000 евра, како и Сања Рељиќ која го договори ангажманот за 5000 евра.

Промо

Традиционалниот „Светски ромски бал“ ќе се одржи на 18 јануари во еден од најлуксузните хотели во Скопје, а покрај гореспоменатите пејачи ќе настапи и Мухарем Сербезовски, како и ромските музики ѕвезди од Македонија, Бернат, Таркан, Џефрина и Цита.

Фото: Инстаграм/ Теа Таировиќ

Цената за влезниците изнесува 3.000 денари, а музичарите покрај големите цифри како хонорар ќе се опарат и со големи бакшиши, нешто без што не поминуваат ваквите настапи.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Инаку, ова на Цеца и Теа секако дека нема да им биде прв настап на ромска веселба, но тие прв пат ќе пеат заедно на ист настан.

Бонус галерија

Фото: Инстаграм/ Теа Таировиќ

Настапот на Теа Таировиќ во Скопје

Фото: Инстаграм/ Теа Таировиќ

Фото: Инстаграм/ Теа Таировиќ

Фото: Инстаграм/ Теа Таировиќ

Фото: Инстаграм/ Теа Таировиќ

Фото: Инстаграм/ Теа Таировиќ

Фото: Инстаграм/ Теа Таировиќ

Фото: Инстаграм/ Теа Таировиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button