За скопјанката беше неизвесно до крајот – Вики и Цеца запрепастени од она што им го кажа Саша Поповиќ
Овие две девојки беа едни од најдобрите во последната емисија од шоуто „Ѕвездите на Гранд“
Скопјанката Андријана Петрушовска (23) развали во „Ѕвездите на Гранд“, но пејачката со којашто се натпреваруваше беше подобра.
Станува збор за Шејла Зониќ (29) од Тузла која настапи со песни од Верица Шерифовиќ и Марија Шерифовиќ и ги воодушеви сите.
Како што истакна и самиот Саша Поповиќ, и двете кандидатки беа одлични, но сепак, на крајот жирито и даде предност на Шејла.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Шејла има магистратура на Музичка академија, а Марија Шерифовиќ ја препозна од социјалните мрежи, па ја праша:
„Дали ти некогаш сними моја песна за ‘рилс’, дали си ти таа Шејла од Инстаграм?“ ја праша Марија кандидатката, по што доби потврден одговор.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Шерифовиќ потоа и кажа дека тоа е супер и дека досега не видела некој некогаш да ги собере сите украси и целата убавина на овие песни иако со години седи и е дел од популарното музичко талент-шоу.
Но Шерифовиќ имаше и добронамерен совет за неа:
„Имаш сѐ, но персоналити на некој што е поместен и поинаков не поседуваш, што не значи не можеш да се моделираш“.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
„За да бидеш најдобра, мора да бидеш поинаква“, изјави Марија, а слично мислење делеше и нејзиниот колега Александар Милиќ Мили.
„Совршено пееш и тоа е сѐ мирно, нема случување на сцената. Ништо не се случи и на тоа мора да поработиш“, ја посоветува Мили, додека на пејачката од Македонија и порача дека напредувала, но со тоа ја изнервира Вики Миљковиќ која го потсети дека Петрушовска учествуваше во шоуто и минатата сезона и дека стигна до финалето, и тоа само затоа што е маестрална пејачка.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
„Тоа е една избрана кандидатка што беше во финалето, а сега се натпреварува. Тоа го направивме во последен момент, откако една кандидатка се откажа. Ова беше преседан. Имаме многу девојко од Србија, Црна Гора и Босна, но само неа од Македонија“ објасни Поповиќ, по што Бекута додаде дека Петрушовска е одличен кандидат, но и дека вечерва имале сериозен противник.
Потсетуваме, Андријана Петрушовска повторно е дел од ова музичко шоу откако претходно стигна до самото финале.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Таа важеше и за една од најзгодните и најубавите пејачки, а за некои од нејзините настапи на сцената се уште се зборува.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
И додека претходниот пат беше во тимот на Ѓорѓе Давид, Андријана сега е во екипата на Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Таа овој пат реши да се претстави во малку поинакво светло, со народни песни, а како изгледаше и во претходниот круг кога исто така ги воодушеви сите, погледнете во продолжение…
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Петрушовска и покрај тоа што овој пат не се пласираше директно во следниот круг, таа тоа го направи од бараж.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Инаку, Саша Поповиќ по настапот на уште еден кандидат од Македонија, Јасмин Идризовиќ, имаше критика за Вики Миљковиќ и менторката на Андријана, Цеца Ражнатовиќ, а повеќе за ова прочитајте тука.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Како Андријана звучеше и овој пат, слушнете во продолжение…