За сите мајки чии бебиња се ПРЕДВРЕМЕ РОДЕНИ – Кикириткова со убава порака за своите дечиња
„Секој 17-ти ноември потекува солза“, напиша популарната македонска дизајнерка.
Маја Кикириткова, чиј син и ќерка се родени предвреме, со искрена и емотивна објава на Инстаграм, го одбележа Светскиот ден на предвремено родените деца.
Маја е доста активна на Инстаграм и многу често искрено и отворено зборува за сите свои падови и лоши моменти, со цел да биде инспирација и мотив за останатите што се соочуваат со нешто слично.
ФОТО: Инстаграм / Маја Кикириткова
Во рок од 3 години Маја два пати била бремена и иако станувало збор за уредна бременост и во двата случаи ѝ се одлепила плацентата, што предизвикало предвремено раѓање на бебињата.
По повод 17-ти ноември, Светскиот ден на предвремено родените деца, Маја се огласи на Инстаграм и овен фотографии од нејзините Лазар и Ева, напиша емотивна порака за нив.
„Секој 17ти ноември потекува по една солза, што од мака, што од радост. Тука сте во мојот живот, а јас сум горда што баш мене ме избравте да бидам ваша мајка. Мали борци од неполни 2кг, кои пораснаа во големи деца. Останете такви какви што сте, борбени, истрајни и секогаш насмеани. Ве сака мама бескрајно“,напиша Маја.