Наши ѕвезди

За разлика од Шерифовиќ, оваа пејачка ги откажа своите настапите заради коронавирусот: Здравјето на публиката ми е на прво место!

Advertisement

Сите треба да бидеме внимателни

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифивиќ

Познатата пејачка Александра Младеновиќ работи секојдневно, но одлучи да ги испочитува советите и да ги избегнува сите поголеми јавни собири заради епидемијата со вирусот корона, па ги откажа и своите настапи.

Advertisement

Таа викендот требаше да го помине работно, прво во Хамбург, па во еден клуб во Србија, но заради многубројните предупредувања и пандемијата со коронавурусот, ги откажа настапите.

„Вистина е дека за викенд нема никаде да патувам, сепак здравјето на мојата публика, па и на мене, ми е на прво место. Требаше да пеам во саботата во Хамбург на приватна прослава, па во неделата во еден клуб кај нас, но овој пат настаните се одложени. Штом ќе се стабилизира ситуацијата со вирусот и ветувам на публиката дека сé ќе биде надоместено и дека како и секогаш одлично ќе си поминеме“.

Фото: Инстаграм/ Александра Младеновиќ

„Треба да бидеме одговорни кон здравјето, се надевам дема ова наскоро ќе заврши“, порача пејачката.

Advertisement
Фото: Инстаграм/ Александра Младеновиќ

За разлика од неа, Марија Шерифовиќ заради својот интерес и заработка не ги послуша препораките на институциите кои од средата препорачаа да се откажат сите собирања со повеќе од 100 луѓе на затворено место.

Таа истата вечер одржа трет по ред од своите мартовски концерти. Со ваквата постапка пејачката, која неспорно има ангелски глас, го загрози здравјето на околу 4000 луѓе, но и своето. Таа со ова покажа и дека е несовесна, несериозна и неодговорна, прво кон себеси, а потоа и кон својот народ и дека парите и се поважни од животот и здравјето.

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифивиќ

Таа меѓу другото и порача дека не треба да дозволиме короната да не скрши и ја повика публиката да дојде на нејзиниот концерт и со музика и добра енергија да се помолат за сите луѓе ширум светот. Заради ова Шерифовиќ беше жестоко критикувана на социјалните мрежи, посебно што на истиот беа и бројни познати личности, а меѓу нив и нашата пејачка Тамара Тодевска и нејзината сестра Тијана Дапчевиќ, пишува српскиот портал „Еспресо“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button