Реклама
Вирално

За прв пат се огласи љубовницата на Душко Тошиќ- младата дизајнерка откри како реагирала Карлеуша кога дознала за аферата

Софија негира дека била со Душко...

Реклама

Не е тајна дека Софија Шашиќ и Јелена Карлеуша порано беа многу блиски.

фото инстаграм/Софија Шашиќ

Откако во јавноста почнаа да кружат гласините дека Софија ќерката на Жељко Шашиќ и Соња Вуксановиќ и го превземала мажот на Карлеуша тие две се оддалечија.

Маркетинг

фото инстаграм/Софија Шашиќ

Имено, Јелена и Соња биле пријателки, а токму поп дивата и помогнала на Софија, да го прослави својот бренд за облека.

Маркетинг

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

– Имам голема почит кон таа жена. Таа ми помогна многу. Без претерување, кога се фотографираше во моите модели и ги објави на „Инстаграм“, мојот бренд порасна 100% – изјави ќерката на Жељко Шашиќ и Соња Вуксановиќ при гостување во подкаст.

фото инстаграм/Софија Шашиќ

Но, оваа блиска врска беше нарушена, кога пред година ипол во медиумите како бомба одекна веста дека Софија Шашиќ му е љубовница на Душко Тошиќ.

фото инстаграм/Софија Шашиќ

-Тоа беше катастрофа за мене, како може да биде – изјавила Софија додавајќи дека тоа бил еден од најтешките периоди во нејзиниот живот.

фото инстаграм/Софија Шашиќ

– Разговаравме и жал ми е што таа беше во фазонот: „Не знам дали е вистина“. Тоа веројатно најмногу ме погоди од сето она што било кога било напишано за мене, бидејќи бев во комбинација со маж кој има семејство – искрено изјави таа во подкастот „Постер“.

фото инстаграм/Софија Шашиќ

Софија Шашиќ и Јелена Карлеуша потоа ставија точка на пријателската врска, но Софија не престана да има почит кон пејачката и жената која многу и помогна.

фото инстаграм/Софија Шашиќ

За потсетување, Софија се најде среде скандал и додека беше во врска со фудбалерот Немања Радоњиќ.

Тогаш медиумите објавија дека тој наводно почнал да се гледа со пејачката Марина Висковиќ додека бил во врска со Софија Шашиќ, ќерката на Соња Вуксановиќ и Жељко Шашиќ, а неговата врска со неа се уште не е завршена.

фото инстаграм/Софија Шашиќ

Инаку, Софија ја раскинала врската со Радоњиќ кога му нашла преписка со Вишковиќ, која фудбалерот ја ангажирал во неговото кафуле во Белград, каде што таа и ден денес настапува, најчесто во петок. Деталите за оваа афера ги кажал извор близок до главните актери во приказната.

фото инстаграм/Софија Шашиќ

– Софија и Немања беа во стабилна врска и јавно ја покажуваа љубовта до моментот кога го фати како се допишува со Марина. Избувна, се обиде да се оправда, но Софија не трпи такви работи и доби шут карта. Впрочем, тие веќе имаа расправии, а тоа беше само една од причините да се прекине емотивната врска. Не разговараа извесно време, но набрзо ја измазнија врската и сега се добри пријатели. Во меѓувреме стапил во контакт со манекенката Исидора која работела за Софија, а со Вишковиќ се уште одвреме-навреме се гледа. Тие се среќаваат тајно бидејќи и двајцата имаат партнери. Инаку, Исидора е со него во Португалија секогаш кога нема модна кампања. Моментално важи за една од најубавите српски манекенки и ја нарекуваат српска Кендал Џенер поради сличноста со светскиот топ модел – изјави во една прилика извор близок до младата дизајнерка за српски „Курир“.

фото инстаграм/Софија Шашиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button