Реклама
Новости

За прв пат во земјава – роденден со кафе и техно!

Реклама

За прв пат во нашата земја се организираше роденден на кој наместо алкохол и торта, на гостите им беше послужено кафе и добар техно сет.

Ваков настан беше организиран во Штип по повод три години постоење на агенцијата „Ескејп Травел“. На настанот свој ди-џеј сет имаше локалниот „Dj BAZZ“ кој освен техно сетовите, на присутните им го промовираше својот најнов микс со хитовите за престојната сезона.

Маркетинг

Како што велат организаторите, настанот ја разбранил секојдневната класична агенда на штипјани и им понудил нешто ново и невообичаено за нивното поднебје. Тие додаваат дека, Штип е одбран како град, од причини што денеска свечено ја отвориле втората канцеларија.

Од агенцијата велат дека се задоволни од големата заинтересираност и од решителноста на граѓаните своето слободното време од работа го искористат за кафе пауза во просториите на агенцијата.

Маркетинг

Агенцијата ги изненади присутните со ваучери за нови попусти на актуелните понуди за летната сезона и најавија дека ова е само почеток на она што допрва ќе има прилика да го добие градот Штип.

Покрај неформалниот дел, вработените кои се претежно млад тим, ги советуваа гостите со новите трендови за модерно патување и им даваа насоки за тоа како да заштедат на својот џеб.

Петар Малев, кој е дел од агенцијата вели дека по долго истражување на пазарот, Штип се покажувал како иделано место кое заслужил нешто ново. Локалниот развој и се поголемиот број на студенти кои се одлучуваат своето образование да го продолжат во овој град, биле главните фактори кои го одвоиле градот од останатите.

Според Малев, агенцијата го слави роденденот со кафе и техно не само поради специфичната тематика, туку и затоа што кафето, музиката и патувањето се трите клучни работи за среќа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button