Реклама
LIFESTYLEВирално

За првпат досега снимена албино панда во дивината

Реклама

Фотографијата беше направена со помош на инфрацрвена камера во април во Природниот резерват Волонг , околу 2000 метри надморска височина во југозападна кинеска провинција Сечуан.

Ли Шенг , научник од универзитетот во Пекинг, тој рече дека досега не е регистрирана ниту една албино панда. Тој и неговите колеги претпоставуваат дека ова животно е старо две години.

– Пандата изгледаше силно и стабилно, и ова е знак дека генетската мутација не може целосно да го попречи нејзиниот живот, рече тој.

Маркетинг

https://www.facebook.com/ipandacom/posts/2279251165492366

Природниот резерват планира да постави повеќе инфрацрвени камери за следење на нејзиниот развој и како омуницира со други панди во таа област.

Маркетинг

Животните со албинизам, имаат вродена неспособност на организмот кој произведува пигмент меланин, што е последица на недостатокот на ензими на тирозиназа, и често се изложени на поголем ризик да станат жртви на предатори, бидејќи тие лошо се снаоѓаат во просторот и имаат проблем со видот.

Меѓународната асоцијација за заштита на природата, албино пандата, ја класифицира како загрозен вид. Светскиот фонд за дивиот свет објави дека само 1864 примероци останале во дивината.

Кинеските власти планираат да вложат повеќе од 1,3 милијарди евра во Националниот парк Биг Панда, кој се наоѓа во планинскиот југозападен дел од земјата, пишува ” Кинески дневник “.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button