За овој филм зборува целиот свет: Сандра Булок ја доби улогата благодарение на ова чудо од жена
Големо БРАВО за овие генијални дами…
Глен Клоус е изненадена од победата на доделувањето на Златен глобус минатата недела во категоријата „Најдобра актерка во драма”. Таа на присутните им се обрати со зборовите: „ Секогаш мислам на мојата мајка која при крајот на својот живот беше разочарана поради тоа што имаше впечаток дека ништо во животот не направила освен што имаше семејство. Ние жените сме столбот на семејството и нашата улога е да негуваме, бидејќи тоа се очекува од нас. Имаме деца и сопрузи, ако имаме среќа. Но мораме да најдеме и нешто што лично ќе не исполнува, треба да ги следиме нашите соништа. Мораме да кажеме – јас Сакам да го сторам тоа и сакам да ми биде овозможено да можам да го сторам тоа “. Говорот на актерката беше поддршка за сите жени кои со децении, векови, имаат талент или способност за некои работи, но ним никогаш не им била дадена можност.
Пред 20 години немаше ни трага ни глас од жените режисерки. Ако ги имало, тие стоеја настрана и правеле независни филмови со минимален буџет, бидејќи големите компании немаа доверба или слух за нив, убедени дека жените не можат да направат филм кој ќе биде популарен. Тие дури беа сигурни дека филмот не би можел да биде популарен ако во него има исклучиво само женски ликови
Иако низ историјата на филмот постојат деманти на овие тврдења, како на пример филмот од 1962 година „What Ever Happened With Baby Jane” со Бети Дејвис и Џоан Крафорд, со децении, општо прифатената филозофија дека опасно момче на постерот е безбеден влог кој повеќекратно ќе се исплати продолжи да постоеше се до пред неколку години.
Кејт Бланшет, кога ја доби наградата за најдобра актерка на доделувањето на Оскарите во 2014 година за филмот „Blue Jasmine”, изјави, „Сите велат дека филмовите со жени во главните улоги не се гледаат. Но овој нашиот се гледа. Луѓе, Земјата е тркалезна.”
Сепак мораше многу вода да протече се до Грета Геврик која минатата година доби номинација за филмот „Lady Bird“ во категоријата „Најдобар режисер” и додека данската режисерка Сузан Бир не доби Оскар за филмот „In a Better World” во категоријата „Најдобар филм надвор од областа на англиското говорно подрачје”. Земјата е навистина кружна и жените навистина прават одлични филмови.
Бир всушност, е единствената жена која освои Оскар, Златен глобус и Еми за нејзината работа и придонес во филмската индустрија. Но, таа не е само добра во филмските награди, туку и – за многу популарни филмови.
Имено, данската режисерка стои и зад филмската адаптација на романот на Џош Малермен од 2014 година „Bird Box”.
Блокбастерот беше гледан од 80 милиони луѓе кои се легално претплатени на услугите на „Netflix“, и многу повеќе се оние кои илегално дошле до копии. Модерниот поп-културен феномен со Сандра Булок во главната улога, кој беше дел од летниот блокбастер „Ocean’s 8″ со многу колешки во кадровите, е приказна за свет во кој видот е најголем грев и кои го покоси колективната самоубиствена хистерија.
Оскаровката се согласи да биде дел од филмот поради комплексноста на ликот Мелори кој што и го понуди Сузан Бир. И со овој генијален филм режисерката се покажа не само како добар раскажувач, но исто така и како некој кој е многу вешт во жанрот кој никогаш не се сметал за „поле на интерес на жените” – хорор / психолошкиот трилер.
https://www.youtube.com/watch?v=8XaPJHD4svU
И откако Бир го привлече вниманието на филмските могули бидејќи знае како се прави добар филм кој знае како да го привлече вниманието и да собере публиката, нејзината следна задача, или барем така се шпекулира, е спроведување на една од следните верзии на авантурите на Џејмс Бонд, по истекот на договорот на филмската компанија со нејзиниот колега, Кери Фукунага (Вистински Детектив, Манијак).
Па, изгледа дека конечно дојде времето за жените во филмот (зад камера, пред камера) бидејќи нивната работа и долга упорност докажа дека знаат како да се прилагодат на она што многумина сметаат дека не е за жени. И нема да се изненадиме ако наскоро покажат и дека се и подобри од мажите, ако ништо друго, барем заради задоволство…