Реклама
Наши ѕвезди

За овој настап на нашата Гранд ѕвезда зборуваше целиот Балкан – се појави на сцената и го украде шоуто

Нема никогаш да се заборави...

Реклама

Иако најгледаното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ веќе одамна заврши, се уште се зборува за генијалните пејачи од оваа сезона.

Покрај победата на Шејла Зониќ, второто и третото место им припаднаа на Мики Секуловски и Андријана Петрушовска, а и елиса Зијадиќ од прилепското Лажани го освои високото петто место.

Маркетинг
Принтскрин/ Јутјуб, Амиџи-шоу

Финалистка со шарм од милион долари

На Петрушовска ова не и беше прв пат да се натпреварува во ова шоу, а уште од кога се појави важи за една од најубавите натпреварувачки.

Покрај својот беспрекорен глас, оваа шармантна Скопјанка ги освојуваше сите и со својата убавина, но и со модните комбинации.

Маркетинг

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Па така се уште се зборува за еден нејзин настап, но не од оваа сезона, туку од претходниот пат кога исто така стигна до финалето.

Андријана и тогаш беше финалистка, а за нејзиниот фустан што тогаш го носеше на еден од настапите се уште се зборува.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Имено, пејачката тогаш на сцената се појави во преубава црвена тоалета, но шлицот беше толку длабок што досегаше речиси до колковите.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Тогаш овој детаљ не можеше да помине незабележано како од публиката така и од камерманите кои постојано зумираа, па многумина беа убедени дека згодната пејачка под фустанот не носи ништо.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Една од најзгодните, но и најхрабрите

Потсетуваме, Андријана и последната сезона, но и претходниот пат важеше за една од најубавите и најзгодните натпреварувачки. А зошто е тоа така, таа го покажа и деновиве кога објави неколку „сториња“ на кои во центарот на вниманието беа нејзините нозе.

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Таа е млада дама која блеска во секое свое издание, а нашата публика посебно ја освои кога на сцената се појави со Сонцето од Кутлеш.

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Имено, Андријана тогаш носеше тесен црвен фустан и настапи со Јовано, Јованке, а кога се сврте, гледачите од Македонија беа воодушевени.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Таа носеше наметка во форма на старото македонско знаме, така што и овој нејзин настап дефинитивно ќе остане запаметен.

Како Андријана изгледаше тогаш, потсетете се во продолжение…

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Бонус видео

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Една незаборавна вечер

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button