За оваа скопска свадба зборуваат сите – зетот качен на масата, невестата блеска, сонцето од Кутлеш се вее на сите страни
Стефан се заколна на вечна љубов пред својата долгогодишна девојка
Стефан и Марта се заколнаа на вечна љубов
Стефан Лазаров денес го изговори своето судбоносно „да“ и се заколна на вечна љубов пред својата девојка Марта.
Тие направија црковна венчавка во храмот Св. Климент Охридски, а фотки од венчавката и двајцата споделија на Инстаграм.
Стефан за оваа посебна пригода беше облечен во класичен костум, додека неговата избраничка блескаше во белата венчаница.
Фото: Инстаграм/ Стефан Лазаров
Нивниот прв бакнеж како брачен пар пред црквата разнежни многумина, а тука беа и белите гулаби.
Фото: Инстаграм/ Стефан Лазаров
Стефан и Марта беа шест години во врска пред тој да ја запроси минатата година на стадионот „Камп ноу“ во Барселона.
Фото: Инстаграм/ Стефан Лазаров
Свадбата започна со музичарите кои дојдоа во домот на Стефан, а потоа сите заедно тргнаа во колона кон невестата.
Фото: Инстаграм/ Стефан Лазаров
Фото: Инстаграм/ Стефан Лазаров
Фото: Инстаграм/ Стефан Лазаров
Невестата изгледаше како висинска принцеза во преубавата венчаница, а на Инстаграм објавија и фотографија од бурмите.
Фото: Инстаграм/ Стефан Лазаров
Стефан објави снимки и покажа како изгледаше и атмосферата во неговиот дом, додека качен на масата се спремаше за невестата.
Фото: Инстаграм/ Стефан Лазаров
Свадбената церемонија продолжува во еден познат скопски ресторан, а дел од атмосферата погледнете во продолжение: