Реклама
Холивуд

За оваа венчаница зборуваше цел свет – необичниот фустан го избра само поради една причина која сите жени ќе можат да ја разберат

Реклама

Ова беше еден од начитаните текстови на нашиот портал за 2018. Во прашање е венчавката на познатата манекенка Шанел Иман која се омажи во март оваа година во венчаница која долго време се зборуваше. Текстот го пренесуваме целосно, заедно со фотографиите

Атрактивната Шанел Иман, 27-годишниот модел на Викторијас Сикрет (во март оваа година) се омажи за американскиот фудбалер Стерлинг Шепард. Тие направија неверојатна церемонија во Лос Анџелес на која Шанел блескаше во прекрасна венчаница, а и фустаните на деверушите беа подеднакво магични. Парот се запозна при крајот на 2016 година, а потоа, кон крајот на 2017 година, ја споделија веста за венчавката преку официјалниот Инстаграм профил на Шанел.

Маркетинг

На супер-романтичната свадба, симпатичната манекенка носеше совршена венчаница, потпишана од генијалниот Зухаир Мурад, за која цел свет зборува и денес. Но она што нејзината венчаница ја направи да изгледа уште попосебно е наметката што на невестата нежно и паѓаше преку рамениците. Тоа изгледа толку шик и невообичаено, а сепак толку класично и по малку „винтиџ“ што ги воодушеви сите!

https://www.instagram.com/p/Bf6mDg8nX4X/?utm_source=ig_embed

Маркетинг

Меѓу деверуушите беше уште еден познат модел на Викторија Сикрет, Џордан Дан. Од другите познати гости беа и Криси Тејген, Габриела Јунион, Шанина Шаик, Џоан Смолс и еден куп познати американски фудбалери.

https://www.instagram.com/p/Bf6vQMenjGl/?utm_source=ig_embed

 

По самата церемонија, Шанел се пресоблече за прославата, и повторно во уште еден фустан од Зихаир Мурад кој имаше длабок V-израз и розова тонови кои совршено се совпаднаа со темата на свадбата.

https://www.instagram.com/p/Bf6wUiQn3ED/?utm_source=ig_embed

 

„Сакав мојот невестински фустан да остане што е можно покласичен. Нешто што можам да го погледнам и за 20 години и да не помислам ’Леле, што носев јас на мојата свадба? ’”, изјави тогаш Иман за Brides.com.

Поврзано

Back to top button