За неа велат дека е една од најзгодните жени во Македонија, а нејзината тајна се крие во ова
Познатата водителка откри како ја одржува својта линија

Водителката оваа го прави веќе со години
Една од нашите најпознати водителки, Ирена Спировска, ова лето наполни 50 години, но се уште има тело на кое многу дами и завидуваат.
Таа е позната и по својата беспрекорна линија, а за својот 50-ти роденден објави неколку фотографии на кои позираше во костим за капење и ги воодушеви сите.
Водителката е поприлично активна на социјалните мрежи, а сега покажа и како го одржува своето тело во топ форма.
Инстаграм/ Ирена Спировска
Имено, Ирена е голема љубителка на природата и речиси секој викенд се искачува на некој планински врв, а овие денови го искачи врвот Магаро на нашата преубава планина Галичица.
Инстаграм/ Ирена Спировска
Таа од таму објави неколку фотографии, а повеќе од јасно е дека водителката на овој начин се одржува во топ форма.
Инстаграм/ Ирена Спировска
Таа и покрај тоа што зачекори во шестата деценија од животот се уште зрачи со својата убавина и шарм како и на почетокот на нејзината кариера како водителка, а и денес е препознатлива по својата бујна и преубава црна, кадрава коса.
Инстаграм/ Ирена Спировска
И покрај своите работни обврски, Ирена секогаш пронаоѓа време за себе, но и за уживање во природата, а шпто се однесува до нејзината исхрана, таа во една пригода за Гламур магазин (види тука) е открие дека многу сака да јаде свежи салати, па подготвувањето на истите за неа претсавува ритуал во кој навистина ужива.
Инстаграм/ Ирена Спировска
Таа речиси 20 години е вегетаријанец и најчесто јаде храна од зеленчук, риба и тестенини, а омилено јадење и е рижото, лосос и сите можни салати, Што се однесува до тоа дали повеќе преферира благо или солено, Ирена вели дека соленото секогаш има предност во нејзиното мени, а што се однесува до благото, кога има потреба од него најчесто консумира темно чоколадо.
Целото интервју со Ирена прочитајте го тука...