За неа велат дека е една од најзгодните жени во Македонија, а само МАЛКУМИНА знаат колку години има и која е нејзината тајна
Долго време е во јавноста…
Ирена Спировска е една од најпознатите македонски водителки која веќе со години ја гледаме на малите екрани.
Таа важи за голем професионалец како новинар, а нејзиниот живот никогаш не бил проследен со скандали.
И покрај тоа по веќе со години е на малите екрани, досега нема направено ниту една естетска интервенција иако нема ништо против нив.
Нејзиниот природен шарм и убавина никого не остава рамнодушен, а позната е и по својата убава црна, виткана коса.
„Жените во зрели години и можам да ги разберам некако што се одлучуваат да направат естетски интервенции, но никако не можам да ги разберам младите девојки“, изјави Ирена во една пригода за „Женски магазин“.
„Немам правено никакви интервенции освен козметички третмани за одржување на нега на кожата на лицето на природна база. Немам дури ни вештачки исцртани веѓи, вештачки нокти, трепки…“, откри Спировска тогаш.
Ирена во 1993 година беше избрана за Зимска убавица на Македонија, а по некое време ќе реши да им се посвети на студиите по книжевност и на работата во телевизијата, професијата со која што и денес се занимава.
Таа зад себе има успешна триесетгодишна кариера и е синоним за успешна, но негувана и убава жена.
Во нејзиниот приватен живот најголема радост и е нејзината ќерка Зорка, како и нивниот заеднички миленик Веном.
Таа е активна и на социјалните мрежи, а под нејзините објави често можат да се прочитаат коментари дека е една од најубавите жени.
Обожава планини и секое свое слободно време го користи за планинарење, па често објавува фотографии и од своите авантури.
Таа дефинитивно е пример за жена која и на прагот од шестата деценија секогаш изгледа волшебно и привлекува внимание.
За неа сите коментираат дека секогаш е иста и дека годините за неа се само бројка. Таа веќе долги години важи за една од најубавите жени што се однесува до телевизиските лица кај нас, а деновиве се појави и во улога на манекенка и повторно ги освои сите со својот неприкосновен шарм.
Како таа изгледаше и во ова издание, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска