Реклама
Наши ѕвезди

За неа велат дека е вечно млада, а сега наполни 45 години – македонската пејачка поубава од кога било

Не се дава и понатаму изгледа како девојка.

Реклама

Дани од годин во година изгледа сѐ подобро.

За неа може да се каже дека времето како да запрело. Буквално изгледа исто како на почетокот на нејзината кариера.

ФОТО: Инстаграм / Дани Димитровска

Бујната кадрава коса и симпатичното „р” се работите по кои е препознатлива.

Маркетинг

Димитровска ја започна својата кариера на музичкиот натпревар Макфест во Штип со песната „Само ти ми требаш”.

Маркетинг
ФОТО: Инстаграм / Дани Димитровска

Оттогаш па се до денес таа е една од најдобрите македонски пејачки, кои масимално се вложуваат во својата кариера.

На нејзините настапи забавата е загарантирана и нејзините песни ги знаат и стари и млади.

ФОТО: Инстаграм / Дани Димитровска

Димитровска беше првата македонска пејачка која стигна да се запише на МТВ Адриа Топ 20 листата.

Од бракот со поранешниот сопруг Јоцо го има синот Лазар, кој е нејзина најголема инспирација и мотив да се бори.

ФОТО: Инстаграм / Дани Димитровска

Извесно времестави пауза на својата кариера и целосно се посвети на растеето и воспитувањето на Лазар.

Таа во интервју за Гламур изјави дека e мошне блиска со својот син и дека ужива во улогата на мајка, но и дека не го замара премногу туку служи за советување и да му даде љубов.

Лазар е веќе возрасно момче, на кое Дани е многу горда.

ФОТО: Инстаграм / Дани Димитровска

Пред неколку дена Дани го прослави 45 роденден и по тој повод објави видео на својот Инстаграм профил, на кое изгледа поубаво од кога било.

„Без грижи, сѐ ќе биде во ред. Таму сме кај што треба да бидеме.

Прв ден ми е од својата нова 45та. Нека донесе се што треба. Не’ дам се. Не дај се.

Фала на преубавите зборови/честитки. Нека им е среќен денов на сите кои слават ко мене“, напиша Дани.

ФОТО: Инстаграм / Дани Димитровска

ФОТО: Инстаграм / Дани Димитровска

ФОТО: Инстаграм / Дани Димитровска

ФОТО: Инстаграм / Дани Димитровска

ФОТО: Инстаграм / Дани Димитровска

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button