За мај и април минимална плата за министрите, јавната администрација….„се движиме кон пикот“ новата бројка на заболени од Ковид-19 е очекувана
Министерот за здравство Венко Филипче напомена дека „се движиме кон пикот“ и новата бројка на заболени од Ковид-19 е очекувана.
Министерот исто така соопшти дека веќе 11 лица се блиску до оздравување.
Владеачката партија, СДСМ, излезе со пакет економски мерки кои ќе ги приложи на Владата. Според Зоран Заев во прашање се околу 200 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството.
Приватните фирми кои се погодени од кризата државата да обезбеди минимална плата од 14.500 денари за април и мај.Сите функционери и раководители ќе одат на минимална плата. Пратеници, премиерот, вицепремиерите, судии и обвинители за април и мај ќе земат минимална плата. Исто така и јавната администрација и на државно и на локално ниво, истакна Заев.
Ова не се однесува на лекарите, полицијата и војниците. Подобро два месеци со минимална плата за сите отколу да нема за никој.Се предлага и запирање на Законот за извршување до крајот на јуни, одложување на кредитите, помош за медиумските работници и медиумските куќи и помош за спортистите и уметниците.
Епидемиологот Предраг Кон вели дека во Србија почнува третата недела која е една од клучните, а целта е да се развлече епидемијата која би можело да трае уште шест недели во режим каков што е сега.
Тој во гостувањето на РТС вели дека третата недела е една од клучните и тоа најмногу заради мерките што се воведени, па доколку се покажат како добри, а народот ги почитува, обемот на епидемијата ќе биде помал.
Како што вели тој, тогаш треба само да се развлекува. И ако тоа дава успех, во таа насока да се продолжи.
Најверојатно ќе трае уште шест недели во режим како овој.