На светски познатиот портал Вирал Хог се појави едно видео на кое се гледа како татко од Охајо го чистеше снегот на својот автомобил со неговиот син.
Видеото стана хит на социјалните мрежи, но очиледно не сите го сакаат подеднакво. Додека некои ја нарекуваа идејата на таткото дека е генијална и дека тој е легенда, другите неговата игра ја опиша како злоупотреба на детето.
„Во Монклова има многу снег, а мојот сопруг отиде со нашиот син да игра во снегот. Го прашав дали може да го исчисти нашето возило додека е надвор. Следното нешто што го слушнав е тоа дека тој побара од мене леплива трака за да го заштити синот за да не се натопи. Потоа почнав да го снимив ова видео во кое мојот сопруг го крена нашиот син и почна со него да го чисти снегот“, вели мајката на момчето.
И покрај фактот дека малиот е завиткана во топла облека, а на снимката е забележана леплива лента залепена околу него, некои на Јутјуб го нарекоа ова “неприфатливо и одвратно” и се карактеризира како злоупотреба.
„Глупави Американци” е уште еден коментар на Јутјуб. „Не сум сигурен дали тоа е навредливо или квалитетно време поминато на таткото и синот”, псе прашуваат други.
Што мислите вие?