Реклама
Home Sweet Home

За една недела во оваа зимска колиба треба да платите преку 2 милиони денари – кога ќе ја видите внатрешноста ќе ви стане јасно зошто е толку скапо

Реклама

Втора година по ред, оваа зимска колиба беше прогласена за најдобра скијачка колиба на светот.

Chalet Les Anges се наоѓа во Цермат, познат ски-центар во Швајцарија, недалеку од границата со Италија.

Маркетинг

„The World Ski Awards“ секоја година ги избираат најдобрите меѓу најпопуларните скијачки дестинации во 25-те најпопуларни скијачки земји на светот. Ова е прв пат друга колиба повторно да ја заработи престижната титула најдобра откако канадската „Bighorn Revelstoke“ го држеше првото место шест години по ред.

https://www.instagram.com/p/BXp6XjVACgb/?utm_source=ig_embed

Маркетинг

 

Иако почетната цена за изнајмување на колибата од 7 соби е 45.000 долари неделно, таа речиси никогаш не е празна, пишува „Business Insider“.

https://www.instagram.com/p/BQw4GUhgZrH/?utm_source=ig_embed

 

Како што вели Џоан Хили, менаџерката за продажба и маркетинг за „Elysian Collection“, луксузната колиба најчесто е посетена за време на Божиќ, Нова Година, Велигден и за време на училишните празници, а во неа одеднаш може да се сместат до 14 луѓе во исто време.

https://www.instagram.com/p/Bq8Yup3FIBS/?utm_source=ig_embed

 

„Тука сезоната никогаш не завршува”, вели таа, додавајќи дека преку лето колибата често се изнајмува за венчавки.

https://www.instagram.com/p/BCOCEB_HkaC/?utm_source=ig_embed

 

Од неа можете да го видите Матерхорн, еден од највисоките и најубавите врвови на Швајцарските Алпи, а од седумте луксузно опремени соби дури шест имаат балкони од каде можете да уживате во прекрасната убавина на Алпите. Колибата, исто така, има и голема тераса со поглед на селото, внатрешен лифт, базен, соба за масажа, а ќе добиете и пристап до барот на отворено и вечерата ќе ви ја подготват професионални готвачи.

https://www.instagram.com/p/BCABVizHkUp/?utm_source=ig_embed

 

Во оваа област можете да скијате и 365 дена во годината, а има и многу други активности на снег како што се санкање, скијање додека ве влече хеликоптер, уметничко лизгање и параглајдерство.

https://www.instagram.com/p/BsBhQZ9B0Dw/?utm_source=ig_embed

 

https://www.instagram.com/p/BsA1aQVFBD8/

https://www.instagram.com/p/BsCvmYZHml2/

 

https://www.instagram.com/p/BsCwT-NnSoY/

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button