За да ви биде подобро, помолете му се на овој светител – со МОЛИТВАТА кон Светиот Јован Богослов ПОБЕДЕТЕ го злото
Светите луѓе од православието со својот чист живот го заслужиле царското небесно. Тие на Бога му се мили и нив Бог ги слуша, затоа тие се нашите небески застапници, тие се молат за нас, се грижат и внимаваат на нас.
Посебно ако некој Светител е наша крсна или семејна слава, Светец заштитник на домот. Еве како да му се помолите на Светиот Апостол и Евангелист Јован Богослов
О, голем апостолу, громогласен евангелисту, извонреден богослову, на недостижните откровенија тајновидецу, девственику, и мил љубимецу Христов Јоване, прими нé со своето својствено милосрдие нас, грешните, кои прибегнуваме кон твојата моќна заштита и покровителство. Измоли од семилосрдниот човекољубец Христос и Бог наш, Кој пред твоите очи ја изли Својата сескапоцена крв за нас, непотребните Свои слуги, да не Си спомене на беззаконијата наши, туку да се смилува на нас, и со нас да постапи по Својата милост, да ни дарува душевно и телесно здравје, секоја благодат и изобилие, учејќи нé сето тоа да го употребуваме во слава на твојот Творец, Спасител и Бог наш; и по завршувањето на привремениот живот да ги избегнеме, свет апостолу, немилосрдните испитувања кои нé очекуваат на воздушните митарства, и под твое водство и покровителство да стигнеме во небесниот Ерусалим, чија слава си ја видел во откровението, а сега се насладуваш со онаа радост која ветена е на избраниците Божји.
О, голем Јоване, сочувај ги сите градови и земји христијански, и сите православни христијани од глад, помор, земјотреси, поплави, пожари, непријателски напади и меѓусебни војни; избави нé од секаква неволја и напаст, и со своите молитви одврати го од нас праведниот гнев Божји, и измоли ја за нас Неговата милост.
О, голем и недостижен Боже, Алфо и Омего, извору и сливу на нашата вера! Еве, за молитвен застапник свој Ти го предложуваме свети Јован, кого Ти си го удостоил преку неизречените откровенија да Те познае Тебе, неискажливиот Бог: прими го посредништвото негово за нас пред Тебе, исполни ги молбите наши во славата Твоја; но над сé усоврши нé со духовното совршенство, за да уживаме во бесконечниот живот и небесните семејства Твои!
О, небесен Оче, Творецу на сé, семоќен Цару! Со Својот прст допри ги срцата наши, и како восок ќе се растопат и истечат пред Тебе, и земната твар ќе стане духовна, во чест и слава на Отецот, и Синот, и Светиот Дух. Амин!