Реклама
Вирално

За Велигден сите во карантин, ќе важи мерката како за викендите

Реклама

На денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче најави дека за празниците кои следат ќе се почитуваат и применат мерките кои во моментот важат односно забрането целосно движење.

 

Маркетинг

Ова значи дека граѓаните нема да можат да ги напуштат своите домови од 16 часот во петок до 05 часот наутро во понеделник.

Тоа се повеќе од 6о часови.Иако првично ваква мерка беше донесена само за Куманово, полицискиот час што ќе трае повеќе од 60 часа е мерка што сега важи за цела Македонија. Ова значи дека граѓаните нема да можат да ги напуштат своите домови од 16.00 часот во петок до 05.00 часот во понеделник.

Маркетинг

Што се однесува до миленичињата, граѓаните кои живеат во станбени објекти за колективно домување и што имаат домашни миленичиња (куче), им се дозволува од понеделник до петок да може да ги изнесуваат надвор од своите домови, во вечерните часови во времетраење од 30 минути, почнувајќи од 20:00 часот до 20:30 часот, a во деновите сабота и недела, наутро од 08:00 часот до 08:30 часот, попладне од 15:00 часот до 15:30 часот и во вечерните часови од 20:00 часот до 20:30 часот, најмногу до 100 метри од објектот во кој живеат. Притоа, граѓаните да го задржат минимум потребното растојание од останатите лица и да не се групираат.
Што треба да направите?

Ова значи дека пред се’ треба добро да се организирате и што е најважно да се снабдите со намирници и лекови, како и да го отстраните ѓубрето. За да ги избегнете гужвите што неизбежно се создаваат заради пократкото работно време на маркетите, најдобро е одеднаш и уште од денес да ги купите намирниците што ви се потребни. Еден од советите е да не одите на шопинг без список и, ако е можно, во продавница што веќе ви е позната, бидејќи така пократко време би се задржувале во затворен простор што не е ваш дом.

Истото важи и за аптеките.За да направите времето колку што е можно да ви биде подобро и побезболно, ако немате тераса или двор, опремете се со книги, филмови и социјални игри за да го поминете времето колку можете поквалитетно.

Она што ви го препорачуваме е да го исфрлите ѓубрето непосредно пред полицискиот час за да имате колку што е можно помалку до понеделник.
Во кои држави има вакви мерки?Ваквата мерка пред сè ја воведе земјата во која што и се започна, односно Кина, но само во градот Вухан кој се наоѓа во провинцијата Хубеи.

Земјите што први ја воведоа 24-часовната забрана за движење се најголемите жаришта во Европа на вирусот корона – Италија и Шпанија. Покрај овие две земји вакви мерки воведоа и Грција, Либија, Гана, Мали, Буркина Фасо, Јордан, Индија, Саудиска Арабија (во неколку градови), Хондурас, Аргентина, Гренада, Србија и Нов Зеланд.Првите мерки во Италија беа воведени на 25 февруари, но до 9 март луѓето сè уште можеа да се движат на неодредено време.

Италија целосно беше затворена на 9-ти март.Оттогаш, само еден член на семејството може да оди до продавницата и да го прошета кучето 200 метри од својот дом. Во Шпанија забраната за движење важи 24 часа на ден.
​​

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button