Реклама
Вести

ЗА БЛАГОСОСТОЈБА ВО ДОМОТ- Што треба да направите на ПРОЧКА?

Се верува дека на денешен ден најмногу можете да дознаете за вашата судбина.

Реклама

„Прости ми, да ти простам“ со овие зборови денес верниците си ги проштеваат гревовите и на овој голем празник, ќе забораваат на кавгите, на проблемите, на недоразбирањето и со чиста совест и душа ќе ги започнат велигденските пости. Помалдите одат кај постарите на Прочка. Помладите членови од семејството треба да побараат прочка од постарите членови со зборовите „прости ми“, а постариот член одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.

На овој ден се изведуваат богати обичаи како што се проштевањето, оттука и празникот го добил името.

Низ различни краеви од државата, христијаните на различен начин го празнуваат празникот. Во многу места се случува амкањето. Дали сте слушнале за овој обичај?

Маркетинг

Прочка во многу од семејствата се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца. Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата.

Маркетинг

Детето што ќе успее го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда.

Еден од главните елементи на Прочка е маскирањето и преоблекувањето. Според обичајот, за Велики поклади порано се маскирале само мажите, а маските требало да бидат што пострашни и посмешни. Затоа денес заборавте на сите недоразбирања и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле.

Во рамките на денешниот празник на некои места се палат обредни огнови, се поставува богата трпеза,  а во некои краишта на овој ден  гатањето за живот и среќа е задолжително, се верува дека на денешен ден најмногу можете да дознаете за вашата судбина.

Во Велешко помладите кога одат на Прочка кај постарите носат портокали.

Многу христијани денеска ги практикуваат обичаите за очистувањето од болви, вошки и други штетници. Обичаите се стари и македонски, кои се пренесеуваат од колено на колено меѓу генерациите.

Има бројни верувања и адете кои се пренесувале од колено на колено, дел од нив опстојале и денес, но само простувањето како обичај има христијанска основа, додека други се остатоци од претхристијанските пролетни празнувања.

Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни продукти или сукани пити.

Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на седум недели пред Велигден.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button