Реклама
Вирално

Заштитни маски мора да се носат, бирајте внимателно – од коронавирусот штитат овие ткаенини

Реклама

Иако многу земји ги олабавуваат карантинските мерки за своите граѓани на различни начини, сепак една мерка ја задржуваат сите и ја истакнуваат како важна во заштитата на населението од коронавирусот, а тоа е носењето заштитни маски.

Во продажба сега освен класичните за еднократна употреба, може да се најдат и маски изработени од други материјали, кои можат да се перат и повторно користат.

Експертите направија тестотви и утврдија кој материјал или ткаенина е најдобра во филтрирањето на ситните честички од воздухот.

Маркетинг

Истражувачите од Американската националан лабораторија „Аргон“ при универзитетот во Чикаго тестираат вообичаени платнени материјали во лабораториски услови во цел да ја испитаат нивната способност за механичка и електротатичка филтрација.

Тимот утврди дека повеќеслојните хибридни ткаенини (направени од мешавина од материјали) најдобро ги запираат ситните честички, како и дека маска мора да му годи на лицето, инаку ќе биде нарушена целосно нејзината заштитна функција.

Маркетинг

– Направивме истражување на низа вообичаени материјали, вклучувајќи памук, свила, шифон, фланел, бројни синтетички ткаенини и нивните комбинации. На крајот, утврдиле дека комбинација на повеќе материјали може пружат значително подобра заштита од аеросолните честички – се наведува во истражувањето.

Користејќи комора за мешање на аеросолите, истражувачите спровеле неколку сценарија со аеросолни честички со различна големина, а потоа ги пропуштиле низ секоја ткаенина, која се наоѓала на крајот на комората, за да крајот да го тестираат примерокот од воздух кој поминал низ нив.

Испитувале широк спектар на честички – од оние со пречник од 10 нанометри до 10 микрометри. За на сите да им биде појасно за какви димензии станува збор, пречникот на влакно од човечка коса изнесува околу 50 микрометри, а еден микрометар се состои од 1.000 нанометри.

Честичките на коронавирусот се движат во распон од 80 до 120 нанометри во пречник.

Одлична заштита само ако добро стои

Тимот утврдил хибридните ткаенини направени од различни видови материјали штитат подобро во прочистувањето и се способни да филтрираат најголем дел од честичките.

– Филтрациската ефикасност на хибридни ткаенини (како памук – свила, памук – шифон, памук – фланел) е околу 80 отсто честички помали од 300 нанометри во пречник и 90 отсто честички поголеми од 300 нанометри – наведуваат експертите.

Заклучуваат дека зголемената способност на тие ткаенини е најверојатно поради комбинираниот ефект на механичка и електростатичка филтрација.

Меѓутоа, ништо од ова нема да биде важно ако маската не се носи правилно и не стои добро на вашето лице.

Во другиот дел од експериментот, експертите направиле ситни дупчиња во ткаенините кои ги тестирале и резултатите биле загржувачки.

– Тестовите покажаа дека дури и малите пукнатини (среде лошото местење на маската) може да резултираат со, до 60 отсто намалена способност за пречистување, се наведува во студијата.

Поврзано

Back to top button