Захарова доби опасна конкуренција – оваа русокоса има импресивна биографија и е новата портпаролка на Доналд Трамп
Кејли Мекенани се запишала на правни студии на Харвард, каде дипломирала во 2016 година.
Само една година подоцна таа е прогласена за портпарол на Републичкиот национален комитет (РНЦ).
Новата и најатрактивната портпаролка на Белата куќа, Кејли Мекенани, ја одржа својата прва прес-конференција во име на американската администрација. Таа му е портпаролка на претседателот Доналд Трамп, а во своето обраќање вети дека секогаш ќе ја зборува вистината пред јавноста.
„Никогаш нема да лажам. Можете да ми верувате “, им рече таа на новинарите на првата прес-конференција.
Од избувнувањето на пандемијата на вирусот корона во Америка, Трамп скоро секојдневно се обраќа на јавноста, а некои од неговите изјави повеќе му нанесоа штета, отколку добивка, според истражувањето на Белата куќа, па тие го советуваат да престане да го прави тоа.
Атрактивната 32-годишна русокоса дипломирала на меѓународната политика на престижниот вашингтонски Универзитет Џорџтаун, една година поминала и на британскиот Оксфорд, а подоцна беше продуцент на политичкиот коментатор Мајк Хакаби на телевизијата „Фокс“.
Подоцна се запишала и завршила правни студии на Харвард, каде дипломирала во 2016 година, а само една година подоцна била прогласена за портпаролка на Републиканскиот национален комитет (РНЦ).
Трамп против СЗО
Пред само неколку дена, за време на прес-конференцијата за новинарите на работната група против коронавирусот, Трамп ги обвини претставниците на Светската здравствена организација. Тој во своето обраќање ги обвини дека ја знаеле сериозноста на вирусот уште во Кина, и многу пред да го предупредат остатокот од светот за потенцијална пандемија. Тој истакна дека средствата доделени од Соединетите држави на СЗО ќе бидат прекинати додека трае истрагата, додавајќи дека СЗО не успеала да обезбеди навремена и точна размена на информации во врска со вирусот.
Трамп смета дека СЗО е одговорна за економскиот хаос и илјадници трагични случаи предизвикани со корона вирусот.
„Тие не ја завршија својата основна должност и за тоа мора да бидат одговорни“, вели Трамп.
„Толку многу жртви кои се предизвикани заради нивните грешки“, изјави американскиот претседател додавајќи дека илјадници животи ќе беа спасени доколку СЗО ја завршеше својата работа како што треба.