Наши ѕвезди

Заради љубов ја напушти Македонија – еве како изгледа денес пејачката Јасмина Мукаетова, годините не ѝ можат ништо

Advertisement

Жареше и палеше на македонската музичка сцена, со својот изглед и глас ја освојуваше публиката, а потоа исчезна.

ФОТО: Јасмина Мукаетова/Фејсбук

Македонската фолк-пејачка Јасмина Мукаетова со своето прво појавување во јавноста веднаш гиосвои симпатиите на публиката. Со русата кадрава коса, витката става и ангелскиот глас имаше предиспозиции да стекне балканска кариера.
Пејачката е родена во 1981 година во Кавадарци.

Advertisement
ФОТО: Јасмина Мукаетова/Фејсбук

Нејзиното прво искуство со пеење било на познатиот фестивал Про фест, што се одржа во Пробиштип, каде што од жирито и публиката беше наградена со „најдобриот новодојденец“. Во 1998 година, таа учествуваше во претселекцијата на Македонија за песна на Евровизија – бидејќи во тоа време беше концентрирана на кариера за поп-пеење, сè до 2001 година, кога се трансформираше во пејачка на народна музика. После тоа, во нејзината кариера следуваа многу светски турнеи, како на пример во Германија, Шведска, Швајцарија и Австралија.

ФОТО: Јасмина Мукаетова/Фејсбук

И кога сите очекуваа дека ќе направи „бум“, нејзе ја снема. Се повлече од музиката и замина од Македонија.
Поради љубовта Јамина одлучи да се откаже од сѐ.

Повеќе од една деценија таа живее во Њу Џери, каде отиде поради нејзиниот сопруг Трајче.

Advertisement
ФОТО: Јасмина Мукаетова/Фејсбук

Таа се омажи за својот сакан Трајче, по потекло кавадарчанец од Њу Џерси во 2008 година.
Круна на нивната љубов се нивните два сина, Диме и Зуко.

ФОТО: Јасмина Мукаетова/Фејсбук

Таа во едно свое интервју откри дека нејзините синови се доста музикални, свират на пијано и труба, но спека повеќе ги интересира спортот и тренираат фудбал.

ФОТО: Јасмина Мукаетова/Фејсбук

Во Америка, Јасмина и нејзиниот сопруг имаат семеен бизнис.

Со класична свадба, наместо со забава, Јасмина Мукаетова и нејзиниот сопруг Трајче Ристевски пред 3 години прославија една деценија брак.

ФОТО: Јасмина Мукаетова/Фејсбук

На свадбената веселба присуствуваа над 150 гости меѓу кои многу познати македонски пејачи. Најрасположена на свадбата била пејачката Благица Павловска, која неколку пати се фатила за микрофон и запеала.
Со сопругот со кого направија венчавка и во Лас Вегас потекнуваат од Кавадарци, но нивната љубов се родила во Америка додека пејачката била на турнеја.

ФОТО: Јасмина Мукаетова/Фејсбук

Пејачката сѐ уште е во контакт со своите колеги, кои понекогаш знаат и да ја посетат во Америка. Пејачката Татјана Лазаревска отиде на гости кај својата колешка Јасмина, а фотографиите од заедничките моменти се најдоа на Инстаграм.

Седнати покрај пијаното позираа една до друга, а Татјана не пропушти да објави и неоколку фотографии како ужива капејќи се во базенот на Мукаетова.

ФОТО: Татјана Лазаревска/Инстаграм

Она што може да се забележи од фотографиите кои Мукаетова ги објавува на социјалните мрежи е тоа дека пејачката воопшто не е променета. И покрај раѓањето на две деца, изгледа извонредно, а нејзината линија е совршена.
Јасмина направи обид и пред неколку години да се врати во музичките води со обработка на песните „Дејгиди луди млади години“ и „Море сокол пие“ за кои сними и видео запис.

ФОТО: Јасмина Мукаетова/Фејсбук

Но, сепак таа одлучи да си продолжи со семејниот бизнис.

„Како резултат на моето долгогодишно работење во областа на транспортот, кога дојдов тука во Америка, почувствував потреба да го усовршам моето познавање од областа на бизнисот. Парелелно со сите други обврски се вратив на книгата и ја започнав програмата на МБА-мастер за бизнис администрација – “концентрација програма за човечки ресурси“, така се вика. Овој нов предизвик ме врати назад во клупите на времето кога студирав во Скопје. Прекрасно искуство и тогаш и сега“, кажа Мукаетова во интервју за Вечер.пресс.

ФОТО: Јасмина Мукаетова/Фејсбук

Македонската публика ја нема видено одамна, но искрено се надеваме дека Јасмина повторно ќе изненади со некој нов проект, затоа што љубовта кон музиката не може никогаш да згасне.

ФОТО: Јасмина Мукаетова/Фејсбук
ФОТО: Јасмина Мукаетова/Фејсбук
ФОТО: Јасмина Мукаетова/Фејсбук
ФОТО: Јасмина Мукаетова/Фејсбук
ФОТО: Јасмина Мукаетова/Фејсбук
ФОТО: Јасмина Мукаетова/Фејсбук
ФОТО: Јасмина Мукаетова/Фејсбук

ФОТО: Јасмина Мукаетова/Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button