Реклама
LIFESTYLEВирално

Започнаа славите во Македонија – сите правиме грешки, но на ова многу треба да внимаваме, црквата не го оправдува овој грев!

Реклама

Обичаите за слави на Балканот се разликуваат од место во место, меѓутоа дали некогаш сте се запрашале дали навистина знаеме да  ги почитуваме православните обичаи?

Имено, едно од воспоставените правила кои се на Балканот е дека не смее на слава да се стави пченица доколку светецот е жив. Која е всушност разликата меѓу жив и мр тов светец?

Маркетинг

Според преданиејата, кога е слава, не се гледа дали светецот е жив или мртов, бидејќи на денот на славата се остава пченица за покојните предци во семеејство, а не за светецот.

Маркетинг

Од друга страна Бог не прави разлика меѓу жив и мр тов светец бидејќи нас веронауката не научила кога човек ќе поч ине, неговата душа продолжува да живее, така пред Господ сите се живи.

Каде што е пченицата таму е и свеќата, исто така се што ќе му се принесе на Бога треба да биде природно.

Славите се делат на посни и мрсни. Посни славите задолжително се божиќните, велигденските, а доколку некоја слава паѓа во среда и петок исто така трпезата мора да биде посна. А доколку е понеделник вторник и четврток е мрсна.

Гревот во непочитување на постот не лежи само во храната која ја јадеме, туку и во дрското газење на заповедите на Бог за постот и црквените правила кои се пропишани на црквата и кои се оставени на нас како вечен аманет.

Обичаи за најголемата слава Св.Никола

На овој ден не се работат никакви домашни работи, не треба да се чисти, усисува, пере …Постои верување дека на тој ден никој не треба да го потсетувате на долг, ниту додатно да му ја отежнувате положбата затоа што е должник. Треба да се носат подароци за оние кои го слават Свети Никола.

Меѓутоа и оние кои го слават празникот по некои обичаи на некои места во земјава своите гости не треба да ги пуштат со празни раце, туку мора да им дадат дарови пред да си одат дома.

Во Македонија и во светот има безброј цркви, манастири, икони и фрески, кои се посветени на овој светец. Многу македонски семејства утре вечер со богата посна трпеза на која преовладуваат рибата и посните сарми ќе го прослават празникот. Свети Никола е еден од најсаканите христијански светци.

Овој светец имал многу возбудлива животна приказна, која со векови ги фасцинира христијаните. Роден во малоазискиот град Патара, пристаниште на медитеранскиот брег на денешна Турција, свети Никола живеел во 4 век, многу пред расколот помеѓу православната и католичката црква од 1054 година.

Неговите богати родители Теофан и Нина, синот Никола го добиле во време на владеењето на римскиот цар Валеријан (253 – 260 година), алчен човек што поради страста за златото организирал воен поход на Персиското царство. Персискиот крал Шапур го заробил во битката кај Едеса, го понижувал во заложништвото и, на крајот, го убил сипајќи му истопено злато низ грлото, како симбол на неговата алчност.

Бидејќи Валеријан бил прв (и останал единствен) римски цар што е заробен во борба, неговото заложништво и смppт предизвикале бран нестабнилност во Римската империја.

Во такво нестабилно опкружување растел младиот Никола. Кога неговите родители умpeeле во големата епидемија, Никола го разделил целото наследено богатство. Уште како дете се истакнувал со добро воспитание поради што станал омилен и пред Бога и пред луѓето.

 

Го одгледувал чичкото, архиепископот Патаре, под чие будно око Никола напредувал во црквената хиерархија. По смртта на чичко му, Никола е избран за архиепископ мирликијски. Бил и еден од архиепископите што се повикани пред царот Константин на саборот во Никеја во 325 година.

Свети Никола умрел на 19 декември 343 година. Погребан е во соборната црква Мирликијска митрополија, а кон крајот на 11 век неговите мошти се пренесени во Бари, во манастирот Свети Јован Претеча.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button