Реклама
Наши ѕвезди

Запознајте ја 14-годишната Кајла од Австралија – пее македонски песни што ќе ви ги насолзат очите

Македонците од Австралија ја обожаваат оваа девојка

Реклама

Младата пејачка Кајла, по потекло Македонка, родена во Австралија, ги освојува срцата на нашинците со својот ангелски глас.

Таа со својата нова песна веднаш привлече внимание, а покрај својот беспрекорен глас привлекува внимание и со својот изглед.

Имено, Кајла К. има 14 години, а секое нејзино видео на социјалните мрежи брои илјадници прегледи.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Кајла К

Таа живее во Мелбурн и досега има снимено три авторски фолк песни, од кои последната „Силна ни се песните“, веќе е голем хит меѓу љубителите на традиционалната македонска фолк музика.

Фото: Фејсбук/ Кајла К

Како што самата вели, љубовта кон македонската песна ја наследила од својата баба, каде што таа, кога одела на гости заедно со родителите, секогаш слушала убава македонска музика.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Сител

Таа моментално е ученичка во деветто одделение, а нејзиниот прв настап бил кога имала само пет години со песната „Што имала ксмет Стамена“.

Фото: Принтскрин/ Сител

Таа има голема желба да сними дует со некоја од нашите големи фолк ѕвезди, а имала чест и да настапи со некој од нив.

Фото: Фејсбук/ Кајла К

Таа е играорка во австралиско-македонско друштво „Никола Карев“ од Мелбурн, а покрај музиката и танцувањето, нејзина голема љубов се традиционалните македонски носии.

Фото: Принтскрин/ Сител

Како што самата изјави неодамна во незиното интервју за Сител, таа на сликата носи невестинска носија од село Ореше и Папрадиште, која е стара околу 105 години, украсена со парички од 1905 година.

Фото: Фејсбук/ Кајла К

Нејзини песни се „Сила ни се песните“, „Јас сум ќерка на Македонија“ и „Душа македонска“, сите испеани на македонски јазик.

Фото: Фејсбук/ Кајла К

Како изгледа ова девојче со ангелски глас, но и како звучат нејзините песни, погледнете во продолжение…

Фото: Принтскрин/ Сител
Фото: Принтскрин/ Сител
Фото: Фејсбук/ Кајла К.

Инаку, музиката и аранжманот во последната песна на Кајла, „Сила ни се песните“, се дело на Златко Миладиноски, додека текстот е на Анита Даева. Хармониката и кларинетот се на Филип и Зоки Стојчевски, тапанот на Александар Тодоровски, додека видеото на „Lou’s видео продукција“, а кореографијата на играорците од „Никола Карев“.

Сила ни се песните

Јас сум ќерка на Македонија

Душа македонска

 

 

 

Поврзано

Back to top button