Реклама
Интервју

Запознајте ја Македонката што ја испеа „Си заљубив едно моме“ и го освои целиот Балкан

Реклама

Скромно, чекор по чекор, на нашата музичка сцена се појавува новото лице – во прашање е младата и надежна Ивана Стојановска.

Таа има 26 години и е дипломиран соло пејач на Факултетот за музичка уметност на смерот за популарна музика.

Маркетинг

Како за секој музичар, така и за Ивана, музиката не познава граници, ниту пак религија, пол, раса. Таа вели дека музиката ја носи низ патот кој го нарекуваме живот и ѝ дава причина да биде повод за нечија среќа, но истовремено и тага кога песната тоа го носи во себе, и посакува да биде инспирација некој да се осмели и тргне по својот копнеж. Да тргне по својата страст и да не ги слуша другите туку она што го кажува внатрешниот глас.

Маркетинг

 

Таа неодамна се престави во Србија, на фестивалот Земан во Нови Пазар, каде го освои првото место, па тоа беше и причината да поразговараме со неа и од блиску да ја запознаеме девојката која го освои Балканот со својот феноменален глас, но и со една од најубавите македонски песни „Си заљубив едно моме“.

Каде имаш настапувано до сега, кој жанр на музика најмногу ти лежи и во кој најмногу се пронаоѓаш?

-На своите 16 години ,2010тата година се појавив на музичко и телевизиско шоу тогашното М2 во кое бев учесник до полуфиналната вечер. Мислам дека пресуден факт да не отстапам од сцената сама по себе е тоа што самите луѓе кои ме слушаат не ми ја даваат таа можност едноставно тоа е мојата ’’животна’’ задача и обврска секако на мое големо задоволство.

Да се биде дел од телевизиски програми беше привилегија и почит за мене затоа што одсекогаш моите идоли ги следев на малите екрани и така ја запознав  песната. Следното мое телевизиско представување се случи во 2013година во емисијата за традиционална и новокомпонирана македонска песна култното ’’Зајди,зајди’’ каде бев неколупати да настапувам со избор на песна од големите имиња на нашата ризница од пејачи на народна песна.

Секој жанр е приказна за себе и носи поинаков карактер,јас можам да кажам дека поеднакво ги негувам и пејам и популарниот и народниот начин на музицирање и ми е многу драго кога можам на настапите да видам задовлните лица на публиката.Секако дека со градењето и напредокот во работата ќе гледам да сум своја и да направам успешна фузија на двата жанрови звучи интересно нели?!

Имаш пеено и на многу фестивали во Македонија, може да ни го кажеш искуството од тие настапи, задоволна ли си како фестивалите изгледаат денес?

Фестивалското искуство и сцената сама по себе се случи 2017 година на Макфест каде бев во група со уште тројца мои млади колеги, па 2019 година на фестивалот за млади и неафирмирани пејачи ’’Студенсткото летово” во градот Маглај, Босна и Херцеговина каде го освоив второто место во категоријата млад изведувач на народна музика. Истата година веќе бев и дебитант на познатиот Валандово фест каде публиката ме запозна со својата прва песна ’’Земи или остави’’.Веќе во 2020 година, Земан фестивалот каде бев избрана како прво наградена со изборот на познатата композиција Си заљубив едно моме .Фестивалите беа предизвик кој ме донесе поблиску да се запознаам и со таа публика која можам да кажам дека од година во година е побројна.Задоволна сум и можам да кажам слободно дека со постоечкото искуство и моите 4 настапување на фестивалите би ми било огоромна желба и значење да конкурирам и за песна за Евровизија со некој од помладите и амбициозни нови автори на популарна музика зошто да не.

Неодамна настапи на фестивалот Земан во Нови Пазар,  Србија каде го освои првото место во категоријата за млади изведувачи на традиционалната музика,. Дали ја очекуваше оваа победа?

-За мене и оваа 2020 и не беше најлошата година бидејќи имав можност да го имам својот следен фестивалски настап и да се спознаам себе и прифатам повеќе од било кога како личност која вреди да се бори и работи за тоа што го сака. Следуваше неочекуваното појавување на Земан Фестивалот во Нови Пазар ,Србија каде го освоив првото место во категорија за млади изведувачи на традиционална музика од целиот регион на Балканот.Беше огромна одговорност да се представи нашата изворна музика како представник од Македонија и секако победата не ја бев очеувала иако цврсто ја насочив мислата кон искрена и не скромна желба за победа.

Како реагираше публиката на песната? Задоволна ли си од реакцијата?

– Па со оглед на тамошната ситуација и Ковид пандемијата,преносот беше онлајн на ФБ страницата и Ју тјуб каналот на фестивалот  што значи немаше публика како досега но секако тие кои го следеа преносот  имаа потврдни и убави пораки за сите учесници секако и за мене како победник.

Дали по оваа победа наместо на поп музиката ќе и дадеш  шанса на изворната музика?

– Оваа победа само јасно ми даде до знаење и го потврди фактот дека она што го правам е  признаено и вреднувано секако и представува  мотивација за некој следен проект во блиска иднина.Популарната музика  е мојата прва љубов и секако дека ќе продолжам да ја изведувам и настапувам многу скоро кога ќе имам можност за тоа.

Кој е твојата најголема поддршка , а кој е твојот најголем критичар, како реагираш на лошите коментари?

-Верувам во слободна желба,работа на себе и работата која ја сакаме и не прифаќам изговори. За себе е тешко да се зборува , но кога знаете дека самите се запознавате и тоа трае целиот живот тогаш не ви е тешко секако со помош на безрезервната подршка од семејството,пријателите и оние кои ги сакате, ве сакаат.Мојот најголем критичар сум самата на себе и натпреварот го водам со себе да бидамподобрата верзија од вчера.Инаку секогаш постојат помалку добри коментари за тоа колку сум напредувала ,но никогаш претерано ,прифаќам да работам на себе и ги сакам критиките што ме мотивираат.

Дали Ивана е таа која е „главниот вниовник“ за забавата во друштвото?

-Хаха,големо ДА секогаш мојата прва работа е работа и на приватните забави каде се фаќам за микрофонот секако и на своја и на иницијатива од пријателите,колегите.Едноставно тешко е да се каже не , па тие уживаат и јас исто така во таа убава атмосфера.

Од досегашното искувство во светот на музиката доживеа ли некое разочарување?

-Секако дека да и тоа ми помогна да се радувам и да ги ценам повеќе од било кога сегашните успеси па и патот до нив.Нема добри резултати без некоја добра препрека или знак дека нешто е добро или не .Разочарувањето е брзо претопено во добра песна која  понекогаш го стоплува и најстуденото срце.

Дали Ивана конечно почна да го живее својот сон?

-Верувам дека целиот свој живот го посветив на оваа света и голема желба, но и припадност на музиката.Го живеам својот сон иако многу пати си велам уште сега уште ова и ќе дојдат и тие посветли денови.Некако во оваа работа упорноста и цврстиот карактер можат повеќе да послужат воколку вредната работа ,знае да биде помалку не благодарно да се занимавате со музика.Но секако и покрај сите станици таа до публиката никогаш не греши таа служи да најде пат до секого и помогне во нејзината мисија да ги радува и помогне во помалку убавите денови.

Дали си заљубена?

Мислам дека тие што ме познааат би рекле секогаш е таа заљубена .Но сепак внимателно и искрено одбирам на кого ќе го споделам своето време и внимание.Ми значат малите детали и добрата намера.

Поради пандемијата сега сите имаме повеќе слободно време. Па што прави Ивана, како ги поминува деновите?

– Па искрено грижата за себе е грижа и за останатите да земат пример и едноставно да се подобрувам во навиките од ден во ден.

Мојот ден е исполнет па слободното време го користам за постојана работа на себе и здравјето пешачам,читам психолошки прирачници и си помагам во пронаоѓањето на својата слобода и мисла.Секако и мојата искрена љубов да поминувам време со блиските и пријателите.

Кои се твоите планови за во иднина и каде се гледаш за 10 години?

– Идните планови се исклучиво оставени на мојата инспирација и понатамошна работа за следен проект кој ќе опфати еден млад карактер да го искаже своето моментално но и претходно знаење за тоа како да се бориме во нашите цели и секако да ги покажам јасно своите стихови во една убава приказна од животот.

Би сакала тоа да е моето прво ЦД со традиционални песни ,па зошто да не и две и од популарната па да одберат самите слушатели каде би сакале да ја слушнат Ивана во понатамошно издание.За 10 години се гледам како исполнета и оформена соло пејачка на големата сцена и со многу хитови и секако мајка која ќе се носи умешно со се што една личност во својата зрела младост може да се носи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button